Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Шефот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР, Матео Мекачи
На средбата се разговараше за тековните и планираните активности на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со претстојните избори.
Шефот на набљудувачката мисија, Мекачи искажа посебен интерес за одлуката на Уставниот суд, У.бр.186/2024 со која беа укинати член 17 и 18 од Изборниот законик.
Беше констатирано заемно задоволство од континуираната соработка и двајцата соговорници изразија подготвеност за понатамошна размена на информации и искуства во насока на зајакнување на владеењето на правото и демократијата во земјата.
Средбата се одржа на 15 септември во просториите на Уставниот суд.