Започнатата постапка за вработување во Службата на Уставниот суд по Jавниот оглас бр.1/2025 од 30.07.2025 година, како и започнатата постапка за унапредување во Службата на Уставниот суд по Интерниот оглас бр.1/2025 од 30.07. 2025 година, врз основа на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/2019, 146/2019, 42/2020, 74/2021, 215/2021, 58/2024 и 76/2024), се ставаат во мирување до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје.
Согласно член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може, меѓу другото да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.