Уставниот суд денеска ја одржа 16 седница на која се дискутираше по осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, три барања за заштита на слободи и права и ги донесе следните одлуки и решенија:
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
- У.бр.4/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 4 во делот „без јавен оглас, на определено време, најмногу до три месеци“ од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19).
Подносител на иницијативата: Манчо Манчев
- У.бр.15/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 30 ставови 1 и 2 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/2022 и 47/2025).
Подносител на иницијативата:Јовица Јовевски
- Реферат У.бр. 35/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на член 17 став 3 од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 77/2021, 285/2021, 60/2023, 154/2023 и 209/2023).
Подносител на иницијативата: Љупчо Божиновски
- У.бр.43/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на членовите 115, 116 и 117 oд Законот за пензиското и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 53/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 27/2018, 35/2018, 220/2018 и 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/2019, 275/2019, 31/2020, 267/2020, 67/2022, 79/2023, 193/2024 и 75/2025).
Подносител на иницијативата: Мирослав Трлин
- У.бр.47/2025 и 49/2025 и 70/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на член 18 став 1 точка б од Закон за нотаријат („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Подносители на иницијативата: Лорија Ваневска, Јасмина Радинчиќ и Весна Дончева
6. Реферат У.бр. 51/2025
Судот не поведе постапка за оценување за член 6 став 1 и член 62 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/2020).
Подносител на иницијативата: Ванчо Стојанов
7. Реферат У.бр.242/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставност и законитост на член 3 став 6 во делот „особено доказот дека имотот го има државата, единица на локалната самоуправа, јавна установа, јавно претпријатие и друга јавна институција(Исправа издадена од Републичката геодетска управа и слично)” од Уредбата за спроведување на постапката за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2000).
Подносител на иницијативата: Александар Наумовски
8. Реферат УЗ.бр.6/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на Предлог-Деталениот урбанистички план за населба „ДЕВЕАНА” УЕ „Д” Блок „Д5”- дел со плански период од 2018-2023 (1ха)-Општина Кичево бр.08-1747/18 од 18.07.2023 („Службен гласник на Општина Кичево“ бр. VII/2023 од 19.07.2023 година).
Подносител на иницијативата: Фадил Сулоски
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП бр.1/2025
Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот што се однесува на забрана на дискриминација по основ на социјална припадност.
Подносител на барањето: Ангелчо Бузлиев
Оспорени акти: Пресуда на Основен граѓански суд Скопје 36-П4-749/22 од 25 март 2022 година и Пресуда на Апелациониот суд Скопје ГЖ-3173/22 од 15 октомври 2024 година.
2. БЗСП.бр. 6/2025
Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот
Подносител на барањето: О.М
Оспорени акти: Пресуда на Основен суд Тетово бр. 296/23 од 23.10.2023 и Пресудите на Апелационен суд Гостивар бр.132/24 од 29.02.2024 година и бр.219/24 од 17.09.2024 година
3. БЗСП.бр. 7/2025
Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, кое се однесува на забрана на дискриминација по оснос на национална припадност
Подносител на барањето: Народен правобранител на Република Северна Македонија
ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр. 137/2017
Судијата-известител го повлече предметот од Дневен ред со објаснување дека ќе биде изработен нов предлог-реферат за одлучување, бидејќи на 27.06.2025 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен нов Закон за електронски комуникации. За овој предмет Уставниот суд определи рок од 6 месеци на Собранието на Република Северна Македонија согласност со ставовите на Судот изнесени во образложението на Решението У.бр.137/2017
Линк од наведеното Решение: https://ustavensud.mk/archives/30896