Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска-Цветковска

Предмет: У.бр.165/2024

По поднесеното барање  од страна на подносителката Билјана Ванковска-Цветковска, Судот спроведе претходна постапка и го изнесе предметот на седница на која одлучи дека не може да стане збор за повреда на слободите и правата согласно членот 110 алинеја 3, односно не е сторена дискриминација по основ на политчка припадност. 

За Судот е неспорен фактот дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски усулуги е надлежен орган кој постапил во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.  Во рамки на својата надлежност и службена должност АВМУ го издала Упатството кое има за цел на  радиодифузерите да им го појасни начинот на примена на правилата и ограничувањата предвидени во Изборниот законик за претседателските и парламентарните избори 2024 година, односно ја утврдила распределбата на минути за платено медиумско-политичко рекламирање кое им следува на претседателските кандидати и политички партии за време на изборната кампања.  Уставниот суд цени дека Упатството претставува општ, а не поединечен акт, што значи дека се однесува на сите кандидати, односно се применува и важи подеднакво за сите и поради тоа не може да стане збор за поинаков третман по основ на политичка припадност, ниту пак е повредено уставно-загарантираното право на политичко дејствување.