Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.
Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.
Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.
Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, заеднички беше констатирано дека пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во сите сфери од заемен интерес.
