Соопштение по одржаната 13-та седница на Уставниот суд

По одржаната 13. седница одржана на 18 јуни 2025 година, Уставниот суд одлучи:

I.    ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.8/2024 

– Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 127 став З во делот „поблиску го уредува начинот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување“ од Законот за пензиско и инвалидско осигурување и

– Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 17 во делот „поблиску го пропишува начинот на остварување“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Подносител: Игорчо Точев

2.Реферат У.бр.205/2024

Не се поведува постапка за оценување на делот „управата за животна средина” од член 161-а став 1 од Законот за животната средина

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.261/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 3 во делот „крајот на месецот во”  од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4.  Реферат У.бр.7/2025

– Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Законот за изменување на Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/24) и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/24) и

– Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на постапката за донесување на оспорените закони.

Подносител на иницијативата: Марија Аргировска

5. Реферат У.бр.11/2025

– Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 23-а став 5 во делот „Критериумите“ од Законот за спортот, и

– Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 23-а став 1 во делот „Законот за игри на среќа” од Законот за спортот.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.14/2025

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 104 од Законот за работни односи .

Подносител на иницијативата: Санде Пејоски

7. Реферат У.бр.19/2025

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за вршење на сметководствени работи

Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиева-Милчова

8. Реферат У.бр.252/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за престанување на важење на Одлука за прифаќање на старешините на ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба на ЈНА од страна на Република Македонија донесена на 26.12.2007 година.

Подносител на иницијативата: д-р Предраг Станојевиќ

II.   БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат У.бр.106/2024

Се отфрла барањето за заштита на слободите и правата што се однесуваат на заштита на загрозено уставно право на слобода на движење.

Подносител: Војо Ѓуроски

III.  ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.23/2024

Се укинува член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кривогаштани, објавен во „Службен гласник на Општина Кривогаштани“ број 17/2011.

2. У.бр.65/2024

Се укинува насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 100, 101 и 102 од Деловникот на Советот на Општина Ресен, заведен под број 07-256/4 од 25 мај 2005 година и објавен во „Службен гласник на Општина Ресен“ бр.4/2005.