По одржаната 12. седница на 11 јуни 2025 година, Уставниот суд одлучи:
1.Реферат У.бр.9/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Член 65 ставови 1 и 2 од Законот за вештачење
Подносител: Стевче Стојанов
2. Реферат У.бр.209/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Член 40 став 5 од Закон за дивечот и ловството. Судот по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста на член 42 став 4 од Законот за дивеч.
Подносител на иницијативата: Адвокат Владимир Михајловски
3. Реферат У.бр.264/2024
Се отфрли иницијативата за оценување на Член 7 став 1 алинеја 8 од Законот за експропријација и член 28 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
Подносител на иницијативата: Mарјанчо Веселиновски
4. Реферат У.бр.268/2024
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 46 став 7 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024 и 275/2024) и
не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 32 алинеи 1 и 2, член 34 точки 1 и 3 и член 35 точки 1 и 3 од истиот акт.
Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Крстевски, Кристијан Габроски, Робертино Саздов, Авни Ќаили
5. Реферат У.бр.214/2024
Член 3 став 25 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директни плаќања за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/2024 и 34/2024).
Подносител на иницијативата: Друштво за консалтинг ЛАНСКИ, ГАНЗГЕР, ЗЕЌИРИ+ ПАРТНЕР ДОО Скопје
6. Реферат У.бр.272/2024
Не се поведе постапка за оценување на член 19 од Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.182/2024 и 251/2024).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
7. Реферат У.бр.192/2024
Поради отсуство на судијата-известител овој предмет беше одложен од денешната седница.
Оспорен акт: Член 8 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија
Подносители на иницијативата: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати
8. Реферат У.бр.9/2025
Се отфрла иницијативата за оценување на Решение бр.25-33/15 од 21.01.202 донесено од Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, подрачно одделение за првостепена управна постапка Делчево.
Подносител на иницијативата: Марјанчо Веселиновски
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП бр.1/2025
Поради отсуство на судијата- известител овој предмет беше одложен од денешната седница.
Оспорени акти: Пресуда на Основен граѓански суд Скопје од 25 март 2022 година и пресуда на Апелациониот суд Скопје донесена на 15 октомври 2024 година.
2.БЗСП бр.3/2025
Се отфрла барањето за заштита на слободите и правата за Заштита од дискриминација по основ на социјална нееднаквост
Подносител на барањето: Соња Велјаноска
III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
У.бр.98/2023
Се укинува член 1 во делот „и јавнообвинителските службеници“, член 4, член 5, член 6 став 1 во делот „и јавнообвинителските службеници од член 4 на овој Правилник“, став 3 од член 6 и член 7 став 2 од Правилникот за додаток на плата, негова висина и начинот на утврдување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција А бр.26/16-1 од 13.02.2017 година.
У.бр.172/2024
Се укинува Правилникот за формата и содржината на Јавниот оглас, начин на поднесување на пријавата за вработување на давателите на услуги – здравствени работници и соработници, како и начинот на спроведување на постапката за селекција на кандидатите за работното место за кое е објавен јавниот оглас, рангирање, тестирање и спроведување на интервју бр.02-1186/2 од 13.10.2023 година, донесен од Управниот одбор на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола.