У.бр.120/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.120/2024
Скопје, 16.04.2025 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 39 алинеја 1 и член 73 алинеја 2 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.115/2024), на седницата одржана на 16 април 2025 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/20).

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената иницијатива од Тони Андевски од Скопје, со Решението У.бр.120/2024 од 26 февруари 2025 година, поведе постапка за оценување на уставноста на одредбата наведена во диспозитивот од ова решение, затоа што пред Судот, основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.

II

Во текот на постапката, се утврди дека оспорената одредба  повеќе не е дел од правниот поредок од причина што на ден 16.08.2024 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.171/2024 е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање каде во член 17 е предвидено дека во член 93 во ставот 1 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/20) зборовите „и ќе бидат завршени во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон“ се бришат, и ставот 2 од истиот член се брише.

Имајќи го предвид сето наведено, Судот не наоѓа основи за оценување на уставноста на оспорената одредба од Законот за урбанистичко планирање и оцени дека се настапени условите од член 39 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија за запирање на постапката.

III

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски