Претседателот Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија. 

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд. 

На средбата беше изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување на соработката помеѓу двата суда во наредниот период.

Средбата се реализираше во Уставниот суд, на 15 мај 2025 година.