Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски учествува на 63-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Туркије

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски ќе одржи говор на Меѓународна конференција организирана по повод 63 години од основањето на Уставниот суд на Република Туркије, која ќе се одржи од 25-26 април во Истанбул. 

Централните теми на кои ќе дискутираат претседатели на судови и судии од целиот свет ќе бидат:  „ Иднината на уставната правда во 21 век ”, „Предизвици и можности за уставното судство”.  Покрај учеството на интернационалниот симпозиум, Костадиновски ќе оствари средби со  Кадир Озкаја, претседател на Уставниот суд на Република Туркије и други претставници на судови. 

Во текот на престојот во Истанбул претседателот Костадиновски предвидено е да оствари средба со претседателот на Фондацијата „Маариф”, Махмут М. Оздил.