Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.
Судот ја зеде предвид прогласената седумдневна жалост и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата.
Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден.