Уставниот суд со длабоко жалење ја прими веста за ужасната трагедија во Кочани.
Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите.
Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите.
На повредените им посакуваме побрзо закрепнување.