Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите по повод нивно запознавање со водење на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, закажана за 20 март. Покрај оваа тема, беше прашан за став и за други актуелни прашања во јавноста, во делот на правосудството.
Во однос на интерпелациите на членовите кои не се од редот на судиите на Судскиот совет што е уставно, не кажувам јас туку Уставниот суд.
Секако имам став јавно искажан. Силен поборник сум на стриктно почитување на начелото на поделба на власта.
За разлика од Уставниот суд, судската власт во која припаѓа и Судскиот совет подлежат на начелото на поделба на власта со законодавната и извршната но истовремено има и уставни гаранции за својата независност. Принципот на checks and balances по мене се исцрпува со самиот факт што во клучниот sui generis орган Судскиот совет има 5 члена што ги бира собранието и тоа 2 по предлог на едната гранка на извршната власт . Уставниот суд има укинато одредби од законот за Судскиот совет според кој претседател се бира од редот на т.н несудски членови со образложение дека имаат еднакво право на глас исти должности и надлежности и затоа укинавме дека со тоа се нарушува еднаквоста и се прави непропорционална контрола.
Тоа значи дека членовите на Судскиот совет имаат гаранции за независност многу слични на оние кои ги имаат судиите, додека Судскиот совет има уставно загарантирана институционална независност. Оттука се јавува и дилемата дали може да се користи институтот интерпелација за несудските членови аналогија тогаш и за судиите што во моментот се членови на Судскиот совет и им мирува судиската функција. Неспорно постојат дилеми. Јас силно верувам во индивидуалната одговорност, ви личниот кредибилитет но уште повеќе во поделбата на власта и во она што често го велам никој нема повеќе права од оние што уставот ги дава. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Ако правилно се толкува импреративното слово и духот на Уставот јасно е колу значи и колку е важна независноста на судската власт. Овие интерпелации без оглед на правниот ефект може да прераснат во лош преседан.