Претседателот на Уставниот суд присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО. По повод значењето на овој месец, претседателот Костадиновски упатува искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисповед.
“Им посакувам пред се’ добро здравје, сплотеност и хармонија во нивните семејства. На овој начин симболично се одбележуваат вредностите како што се искрените пријателства, почитувањето и прифаќањето на различностите кои се темел на цврсти меѓусебни односи засновани на почит и поддршка”, порачува претседателот д-р Костадиновски на сите припадници од исламската вероисповед.

Претходно претседателот Костадиновски присуствуваше на инфтарска вечера организирана од страна на турската фондација MAARIF.
