Судот со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.
Mнозинството судии оспорените одредби ги стави под сомнеж за нивната законитост, а преку тоа и нивната уставност, бидејки основано се појави сомнеж дали директорот на Државниот завод за статистика имал законски основ за донесување на оспорените одредби, односно дали ги пречекорил своите овластувања и без законски основ, во подзаконски акт, уредувал materia legis законска материја.
Доколку во втората фаза се потврди сомнежот, тоа би значело повреда на правната сигурност како фундаментален принцип на владеењето на правото и повреда на начелото на поделба на власта, бидејќи се ставил во улога на законодавец.