Уставниот суд ја одржа 5. седница на која се дискутираше по четири предмети и два предлози за решавање на судир на надлежност:
1. Реферат У.бр.114/2024
Не се поведува постапка за оценување на член 76 став 4 од Закон за дивечот и ловството
Подносител: Државен инспекторат за шумарство и ловство
2. Реферат У.бр.173/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на член 117 во делот „сојузен“ и член 119 во делот „сојузен“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување на воените осигуреници („Службен лист на СФРЈ“ бр. 7/1985, 74/1987 и 20/1989)
Подносител: Игорчо Точев
3. Реферат У.бр.208/2024
Поради немање мнозинство, предметот останува отворен и ќе биде ставен Дневен ред следната седница.
Оспорен: член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите
4.Реферат У.бр.213/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на член 8 став 3 во делот „за државните службеници“ од Законот за санитарна и здравствена инспекција
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
II. ПРЕДЛОЗИ ЗА РЕШАВАЊЕ СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ
1. У.бр.228/2024
Судот го уважи предлогот за решавање на судирот на надлежност помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Претседателот на Република Северна Македонија и утврди дека Комисијата за прашања на избори и именувања на Собранието на Република Северна Македонија е стварно надлежно да постапува по Барањето за остварување на правото на плата по престанок на функцијата поднесено од страна на Билјана Радева.
2. У.бр.229/2024
Судот го уважи предлогот за решавање на судирот на надлежност помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Претседателот на Република Северна Македонија и утврди дека Комисијата за прашања на избори и именувања на Собранието на Република Северна Македонија е стварно надлежно да постапува по Барањето за остварување на правото на плата по престанок на функцијата поднесено од страна на Миле Бошњаковски.