Соопштение по одржаната 4. седница на Уставниот суд

По одржаната 4. седница на 26 февруари 2025 година, Уставниот суд го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.95/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијација („Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ бр.294/2021).

Подносител:  Оливер Давидовски

2. Реферат У.бр.96/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 13 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/18) и

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на насловот на член 32 во делот „и број“ и член 32 став 4 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020 и 154/2023).

Подносител: Александар Ристески, адвокат од Скопје

3. Реферат У.бр.120/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 93 став 1 во делот: „и ќе бидат завршени во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон“ од Законот за урбанистичко планирање и

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 93 став 2, во делот: „доколку постапките од став 1 на овој член не завршат во рокот од став 1 на овој член, истите ќе продолжат согласно одредбите на овој закон.“ од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020)

Подносител: Тони Андевски

4. Реферат У.бр.156/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 140 во делот „ако барањето е поднесено во рок од шест месеци од денот на исполнувањето на условите, а ако барањето е поднесено по истекот на тој рок од поднесувањето на барањето и за шест месеци наназад” од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2044, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/2019, 275/2019, 31/2020, 267/2020, 67/2022, 79/2023 и 193/2024)

Подносител: Славко Лазовски од Скопје

5. Реферат У.бр.168/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 73 став 2 и став 3 алинеи 1, 2 и 3 како и член 76 став 3 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 263/23 и 170/24) и

Се отфрла иницијативата во делот во кој се бара меѓусебна оцена за согласноста на оспорените одредби од Законот со одредбите од Законот за сопственост и други стварни права („Службен весник на Република Македонија” бр. 18/01, 92/08, 139/09 и 35/10).

Подносител: Марјан Максимоски, адвокат од Кичево

6. Реферат У.бр.186/2024 

Се поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/2024 од 11 март 2024).

Подносители на иницијативата: Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева.

7. Реферат У.бр.100/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта и за начинот на водење на евиденција за издадените лични карти ( „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.195/21) и

Се отфрла иницијативата за оценување на оспорениот правилник во поглед на неговата согласност со: Одлуката на референдумот одржан на 8 септември 1991 година( „Службен весник на Република Македонија” бр.43/91); Одлуката на референдумот одржан на 30 септември 2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр.186/18) и член 20 точките 7 и 8 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, објавена со Законот за нејзина ратификација („Службен весник на Република Македонија” бр. 7/19).

Подносител: Светски македонски конгрес

8. Реферат У.бр.162/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 ставови 1 и 2 во делот „од средствата на солидарниот фонд“ од Правилникот за образецот на барањeтo и потребната документација за утврдување на стаж на осигурување со зголемено траење, образецот на барањето и потребната документација за исплата на посмртна помош од средствата на солидарниот фонд, образецот на барањето и потребната документација за остварување на право на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија и паричен надоместок за телесно оштетување, барањето и потребната документа­ција за утврдување на инвалидност, образецот на предлогот за утврдува­ње на инвалидност од надлежниот матичен лекар и предлогот за утврду­вање на инвалидност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2023 и 19/2024).

Подносител: Славко Лазовски од Скопје

9. Реферат У.бр.198/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за давање одобрение за основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с. Кондово, Скопје („Службен весник на РСМ“ бр.101/2019) донесена од Владата на Република Северна Македонија на 26 март 2024 година.

Подносител на иницијативата: Славко Николов од Пробиштип

БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат У.бр.233/2024 

Се отфрла барањето за заштита на слободи и права кои се однесуваат на забрана на дискриминација по основ на национална и социјална положба, поднесено од Филип Џуклески од Скопје.

Подносител на барањето: Филип Џуклески

2. Реферат У.бр.237/2024

Се отфрла барањето на Влатко Стојанов од Битола за заштита на слободите и правата, а кои се однесуваат на слободата на одлучување односно правото на информирана согласност.

Подносител на барањето: Влатко Стојанов

3. Реферат У.бр.263/2024

Се отфрла барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, повредени со Пресуда донесена од Апелациониот суд во Гостивар, ГЖ бр.3/2024 од 15.05.2024 година.

Подносител на барањето: Живко Петрушевски