(ВИДЕО) Поведена постапка за оценување на одредби од Деловникот на Советот на јавни обвинители кои се однесуваат на оценување на стажот на членовите при унапредување во обвинителствата

Судијата проф. д-р Осман Кадриу во изјава за медиумите ги образложи аргументите за поведување на постапка во која ќе се оценува уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.

  • Обвинителската функција и нивната работа се цени со позитивна и негативна оценка. Унапредувањето во кариерата се добива само за работните задачи и сработеното, а обвинителите додека се членови на Советот на јавни обвинители и правно и објективно и фактички и физички не работат како обвинители. Нивната функција е во мирување вршат други работи и не претставуваат квалификации на обвинителската дејност, изјави судијата Кадриу.

https://www.facebook.com/share/p/18cF1f9nQb

*Видеото е преземено од МИА