Уставниот суд на 2. седница која се одржа на 12 февруари дискутираше по девет иницијативи и го одлучи следното:
1. Реферат У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби. Поради голем интерес на јавноста Судот објави посебно соопштение за овој предмет. https://ustavensud.mk/archives/32436
Подносител на иницијативата (162/2023): Павле Трајанов
Подносител на иницијативата (163/2023): Крсте Велески
2. Реферат У.бр. 104/2024
Не се поведува постапка за член 245 став 3 од Законот за извршување
Подносител: Оливер Давидовски
3. Реферат У.бр. 155/2024
Не се поведува постапка за член 141 став 4 и член 143 во делот „или ако постои реципроцитет“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Подносител: Славко Лазовски од Скопје
4. Реферат У.бр. 178/2024
Се отфрла иницијативата за делот „процесната“ од членот 222 став 1 од Законот за семејството.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
5.Реферат У.бр. 187/2024
Не се поведува постапка за член 4 точка 2 во делот „кое има склучено договор за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија наменето за автокамп согласно со овој закон”;
– член 5 став 3 кој гласи „Градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија наменето за автокамп се оттуѓува согласно одредбите од овој закон”;
-член 10, 11, 12 став 1, 2, 4 и 5 како и 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 29, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27 и 28
Подносител на иницијативата: Емил Михајлов
6. Реферат У.бр. 200/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на член 4 од Законот за празниците на Република Македонија
Подносител на иницијативата: Арбен Саити
7.Реферат У.бр. 215/2024
Не се поведува постапка за оценување на член 63 од Законот за преземање на акционерските друштва на Република Македонија
Подносител на иницијативата: Адвокатско друштво „Апостолски” Скопје
8. Реферат У.бр. 219/2024
Се отфрла иницијативата за член 2 став 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за облигационите односи
Подносител на иницијативата: Благица Весковска
9. Се отфрла иницијативата за Одлука за поништување на постапката за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на водоснадбителен систем за водоснабдување на општина Неготино, донесена од Совет на општина Неготино.
Подносител: Државен инспекторат за локална самоуправа
II. БАРАЊE ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. У.бр. 117/2019
*Предметот беше повлечен од 2 седница на предлог на судијата-известител.
III- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
Уставниот суд утврди неуставност и незаконитост на:
– V-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци реден број 15 и 16 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, донесена од Советот на Општина Богданци, бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024);
– V-б. Висина на уредување на градежно земјиште во населените места и урбанистички план за село реден број 15 и 16 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, донесена од Советот на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024) и
– V-в. Висина на уредување на градежно земјиште во Урбанистички план вон населено место, локална и државна урбанистичка планска документација, инфраструктурен проект и урбанистички проект реден број 16 и 17 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, донесена од Советот на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024).
Одлуката има правно дејство на поништувачка одлука.
*Напомена: Ова соопштение го содржи одлученото. Судот дополнително ги објавува одлуките и решенијата во целост.