Во втората половина на 2023 година, портпаролот-советник на Судот за односи со јавноста, Христина Беловска согласно статистиката на прашања и покриеност на Уставниот суд креираше прашалник за транспарентност кој беше дистрибуиран до медиумите.
Анкетата е спроведена со комбиниран метод-теренски и онлајн, при што од страна на портпаролката и уште тројца советници беа посетени 10 редакции (МТВ, МИА, Канал 5, Алсат, ТВ 21, ТВ 24, Слободен печат, Мета, ПорталБ, Вистинометар), пред кои беше презентирана идејата за нивниот придонес и учество во стратешкото комуницирање на Судот, кое е прилагодено на нивните потреби за полесно разбирање и пренесување на информациите. Во анкетата учествуваа околу 90 претставници на медиуми, како дел од над 20 редакции во Република Северна Македонија.
Дополнително, во текот на посетите новинарите даваа нивни мислења и предлози во форма на мини-интервјуа со прашања и теми кои не беа опфатени во анкетата.