Делегација на Уставниот суд предводена од судијата м-р Фатмир Скендер и советникот на Судот м-р Марина Пеливанова-Димовска учествуваа на Меѓународна конференција во Будимпешта, по повод одбележувањето на 35 годишнината од основањето на Уставниот суд на Унгарија.
Конференцијата се одржа на 23 јануари во Парламентот на Унгарија, каде што пред присутните се обратија претседателот на Унгарија, Тамас Суљок, претседателот на Националното Собрание, Ласло Кувер и претседателот на Уставниот суд на Унгарија, Имре Јухаш.
Во фокус на Конференцијата беше темата „Животен циклус во работата на уставните судови- предизвици и одговори”.
На втората сесија се дискутираше на темата „Ефектите од пристапувањето на Европската Унија врз уставното одлучување, улогите на уставните судови во европската сфера, актуелните предизвици на фундаменталната правна заштита”.
Третата сесија беше посветена на прашања поврзани со неодамнешните предизвици во практиката на уставните судови: влијанието на исклучителни или вонредни ситуации врз фундаменталната правна заштита, ефектите на вештачката интелигенција и дигитализацијата врз заштитата на основните права.