Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија оствари средба со г. Махмут Чевик, заменик – претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и г-а Шејма Бабајигит, координатор на Турската агенција  за соработка и координација – ТИКА во Скопје

На ден 20.12.2024 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, се сретна со г. Махмут Чевик, заменик – претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и г-а Шејма Бабајигит, координатор на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА во Скопје.

Средбата претставува продолжение на започнатите дискусии за поддршка на процесот на дигитализација и зајакнувањето на капацитетите на Судот, како клучни елементи за поефикасно работење на Судот.

Г. Чевик, изрази подготвеност Агенцијата да придонесе во процесот на дигитализација на Судот, преку кој ќе се подобри функционирањето на Судот, што ќе се рефлектира во работата на Судот, како исклучително значаен и надлежен орган во државата за заштита на уставниот поредок. Исто така, беше наведено дека ТИКА, секогаш е подготвена да помогне во насока на подобрување на институционалниот и општествениот живот во нашата држава.

Претседателот на Судот, изрази искрена благодарност за досегашната поддршка од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА кон Уставниот суд на Република Северна Македонија во насока на подобрување на условите за работа на Судот, со надеж дека истата ќе продолжи и ќе се продлабочи во иднина.