Одговор за медиумите во врска со јавно објавени информации кои се поврзуваат со Законот за употреба на јазиците

Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците и нивната веродостојност, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност. 

Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот.