Денес, на 4 декември 2024 година, Уставниот суд ја одржа 31-та седница со дневен ред на кој се дискутираше по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост и се одлучуваше по четири предлози за одлучување за кои е донесена конечна одлука.
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.107/2021
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 6 став 3 и 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” бр.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.151/2021)
Подносител на иницијативата: Лила Лазевска од Скопје, преку полномошник Адвокат Благоја Пaндовски од Скопје
2. Реферат У.бр.47/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 26 став 2 во делот „во рок од 30 дена“ од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019)
Подносител: Александра Илиева Милчова, адвокат
3. Реферат У.бр.111/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 31 став 3 од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 294/2021)
Подносител: Оливер Давидовски
4. Реферат У.бр.129/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 2 во делот „федерацијата”, член 4 став 1 во делот „општествено-политички заедници”, член 4 став 3 во деловите „самоуправните судови” и „општествениот правобранител на самоуправувањето” и член 5 став 2 во делот „југословенските” од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации за потребите на правосудните органи од интерес за целата земја („Службен лист на СФРЈ“ бр.44/1989)
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
5. Реферат У.бр.130/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 2 точките 6, 7 и 11,член 3, член 4 ставови 2 и 8, член 38-а ставовите 5, 6, 7, 8, од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 32/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019, 98/2019, 146/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020, 72/2020, 160/2020,74/2021, 215/2021), член 17 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/2024) и оценување на уставноста и законитоста на Глава XII од Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонијабр.08-489/1 од 15.02.2024 година, и
Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 2 точка 21, член 4 ставови 3, 4, 5, 6, член 11 став 3, член 26 став 10, член 27 ставови 4, 5, 6, член 55 став 3, членовите 59, 61, 62, 63, 64, и член 65 став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 32/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019, 98/2019, 146/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020, 72/2020, 160/2020,74/2021, 215/2021), целината на Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/2024), оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите бр.08-563/1 од 20.02.2024 година во целина заедно со Посебното појаснување бр.08-563/2 од 20.02.2024 година, целината на Упатството бр.08-489/1 од 15.02.2024 година и Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија бр.10-439/1 од 14.02.2024 година донесени од Државната изборна комисија.
Подносители: Ана Бобинкова Мијаковска од Скопје и Зоран Петковски од Куманово во име на „Група избирачи” Независна листа на предложени кандидати за пратеници во ИЕ 1 за Парламентарните избори 2024 година.
6. Реферат У.бр.180/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 62 став 2 од Законот за јавнотото обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) и
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 38-а од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019).
Подносител на иницијативата: Љупчо Докузов, адвокат
7. Реферат У.бр.199/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 7 став 2 алинеја 1 од Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/2022 и 38/2022)
Подносител на иницијативата: Македонско здружение на млади правници
8. Реферат У.бр.216/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки од Владата на Република Северна Македонија бр. 41-8212/3 од 3 септември 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.183/2024)
Подносител на иницијативата: Ѓорѓе Поп-Кочев, адвокат
9. Реферат У.бр.84/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт С3 19, бр.27-1496/5, донесена од Советот на Град Скопје на 23.02.2021 година („Службен гласник на Град Скопје“ бр.2/2021)
Подносител на иницијативата: Јована Стефановска во име на граѓанската иницијатива „Борба за Влае“
10. Реферат У.бр.65/2024
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 100,101 и 102 од Деловникот на Советот на Општина Ресен бр. 256/4 до 25 мај 2005 година („Службен гласник на Општина Ресен“ бр. 4/2005)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр.181/2023
Судот ја поништи Одлуката за основање на друштво со ограничена одговорност, бр.08-31/11 од 24.08.2023 година, донесена од Советот на Општина Вевчани („Службен гласник на Општина Вевчани“ бр.10/2023).
Подносител на иницијативата: Државен инспекторат за локална самоуправа, застапуван од ВД директор, Ферди Шабани
2. У.бр.16/2024
Судот го укина член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.12/2009).
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
3. У.бр.44/2024
Судот го укина член 19 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Новаци („Службен гласник на Општина Новаци“ бр.7/2019).
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
4. У.бр.58/2024
Судот ги укина точка 9. Автентично толкување и утврдување на пречистен текст и членовите 96, 97 и 98 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш број 07-2151/1 од 19 декември 2005 година („Службен гласник на Општина Радовиш” број 8/2005).
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
Напомена: Ова соопштение содржи информации од одлученото, Судот дополнително ги објавува одлуките и решенијата во целост.