Студенти од Правниот факултет- Кичево беа во посета на Уставниот суд. Во рамки на посетата се информираа за надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и условите за работење во Уставниот суд.
Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и информирањето на јавноста за одлуките на Уставниот суд.
На студентите им беа презентирани шаблоните за поднесување на барања за слободи и права до Уставниот суд, како и примероци од иницијативи, со објаснување на постапката од прием на поднесоците до изготвување на реферати и предавање на седници за дискусија.
За сите прашања поврзани со работата на Уставниот суд студентите се информираа од советниците Магдалена Паункова-Спасова и Мартин Трајановски, а во делот на комуникацијата со јавноста на Судот од советничката Христина Беловска.