Соопштение по завршената 30. седница

На 20 ноември Уставниот суд ја одржа 30. седница со дневен ред на кој се дискутираше по осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и се одлучуваше по пет предмета за кои е донесена конечна одлука. 

1. Реферат У.бр.179/2023, У.бр.183/2023, У.бр.187/2023, У.бр.190/2023 и У.бр.197/2023

Се поведува постапка за оценување на уставност на Законот за данок на солидарност. 

Поради интерес на јавноста, Уставниот суд објави дополнително соопштение за овој предмет, а претседателот д-р Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите. 

Подносители(179/2023): Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска

Подносители (183/2023):Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски

Подносители (187/2023):ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје

Подносители (190/2023):Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје

Подносители (197/2023): Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зекири + Партнер ДОО

2.Реферат У.бр.135/2024

Не се поведува постапка за оценување на член 147 став 2 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016 од 12.04.2016 година).

Подносител на иницијативата: Здружение за заштита од дискриминација – Виница

3. Реферат У.бр.151/2024

Поради утврдување на дополнителни околности предметот е повлечен од дневен ред за некоја од наредните седници. 

4. Реферат У.бр.163/2024 и 164/2024

Не се поведува постапка за оценување на член 4 став 1 точка 3 и се отфрла иницијативата за оценување на член  69 став 4  од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“  бр. 96/2019).

Подносители на иницијативата: Виолета Маневска од Битола

Татјана Калевска декан на Технолошки- технички факултет Велес

5. Реферат У.бр.34/2023

Не се поведува постапка за оценување на Одлука за определување на заштитни зони за заштита на водите на водозафатниот објект извор „Студенчица“, мерки за заштита, услови, начини на воспоставување на заштитните зони и картографскиот приказ бр.41-410/2 од 10.01.2023 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/23).

Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”

6. Реферат У.бр.189/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на трајно користење на недвижни ствари на ЈП „Тетово Транспорт” – Тетово, број 08-12322/67 од 27.09.2023 година, донесена од Советот на Општина Тетово на седницата одржана на 30.05.2024 година, број 08-6682/6 од 30.05.2024 година, објавена во „Службен гласник на Општина Тетово” број 6/2024.

Подносител на иницијативата: Даријан Сотировски

7. Реферат У.бр.112/2023

Не се поведува постапка за оценување на член 169, член 170 и се отфрла иницијативата за оценување на член 171 од Колективниот Договор на МВР,   број 02-558/1 донесен на 24.06.2021 година и објавен на 05.07.2021 година, во „Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ бр. 149/2021.

Подносител на иницијативата:  Мартин Ефремов

8. Реферат У.бр.141/2024

Не се поведува постапка за оценување на член 6 став 3 од Тарифата за награда и надоместок за другите трошоци за извршителите   

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

9. Реферат У.бр.116/2024

Се поведува постапка за оценување на:

 – V-а Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци  реден број 15 и 16  од  Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година донесена од Совет на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година, („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024).

-V-б Висина на уредување на градежно земјиште во населените места и урбанистички план за село реден број 15 и 16 од  Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година донесена од Совет на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година, („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024).

 – V-в Висина на уредување  на градежно земјиште во Урбанистички план вон населено место, локална и државна урбанистичка планска документација, инфраструктурен проект и урбанистички  проект реден број 16 и 17 од  Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година донесена од Совет на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година, („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024).

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста во во останатиот дел на Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година донесена од Совет на Општина Богданци бр. 08-1859/10 од 28.12.2023 година, („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.03/2024).

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.2/2024, У.бр.3/2024 и У.бр.203/2023

Судот утврди неуставност и незаконитост на член 8 став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија” број 147/2023 и 286/2023).

Оваа одлука има правно дејство на одлука со која се поништува член 8 став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија” број 147/2023 и 286/2023).

Ја запре постапката за оценување на уставност и законитост на  член 8 став 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија” број 147/2023 и 286/2023).

2. У.бр.52/2024

Се укинува Деловникот на Општина Зелениково, заведен под број 08-021-1 од 5 мај 1997 година.

3. Убр.37/2024

Се укинува поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 115, 116, 117 и 118 од Деловникот на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.03/2002).

4. У.бр.72/2024

Се укинува член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Сопиште, објавен во „Службен гласник на Општина Сопиште” број 7/2007.

5.бр.79/2024

Се укинува член 20 алинеја 3 од Деловникот за работа на Советот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 12/2006).

Напомена: Ова соопштение содржи куси информации во врска со одлученото. Судот дополнително ги објавува целосните одлуки и решенија од предметите кои беа ставени на седница.