1. Да се достават податоци за вкупниот број на издвоени мислења, поединечно по години, за период од 1991 година, заклучно со датумот на одговор на барањето. 2. Во колку од нив, судија кој иако не гласал против одредено решение или одлука, сепак по предметот издвоил свое мислење во кое наведува различен став, односно образложение од она што е наведено во решението или одлуката, а колку од издвоените мислења содржат ставови на судија спротивни на одлуката или решението.