Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со претседателката Греса Цака Нимани и судиите од Уставниот суд на Косово.
„Констатиравме одлични билатерални односи и изразивме подготвеност за натамошно продлабочување на соработката. Беа разменети информации за предизвиците со кои се соочуваме како уставни судови. Заеднички се согласивме дека е потребна поддршка и соработка во рамките на меѓународните тела и организации од кои се дел и двата суда, изјави претседателот Костадиновски.
Од двете страни е изразена согласност за натамошно јакнење и унапредување на Балканскиот форум на уставни судови за кој претседателот Костадиновски пројави интерес да се одржи во Република Северна Македонија во 2026 година
За време на средбата беа разменети информации за претстојниот Европски форум на уставни судови кој ќе се одржи во Тирана во февруари 2025 година, како и Конференцијата на уставните судови на Франкофонијата закажана за мај 2025.
Денешната средба се одржува во рамки на одбележувањето на 15 годишниот јубилеј на Уставниот суд на Косово и одржувањето на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на Уставни судови.
На средбата присуствуваше и Шпреса Јусуфи, амбасадорка на Република Северна Македонија во Република Косово.