Претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски оствари работна средба со проф. д-р Акан Сувер

Претседателот на Уставниот суд д-р. Дарко Костадиновски оствари работна средба со проф. д-р Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара” и основач на Евроазискиот економски самит.

Во фокусот на средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије.

Сувер му го честиташе мандатот на претседателот Костадиновски и му посака успех во понатамошното раководење со Уставниот суд.