У.бр.11/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.11/2024
Скопје, 03.07.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 3 јули 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/2021).

Образложение

I

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/2021).

Подносителот во иницијативата наведува дека оспорениот член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е во спротивност со член 8 алинеи 1 и 3, член 9, член 27, член 11 ставови 1 и 2 и член 25 од Уставот на Република Северна Македонија.

Според наводите во иницијативата оспорената одредба директно го повредува принципот на еднаквост на граѓаните и е во спротивност со член 9 од Уставот кој предвидува дека граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата бојата на кожата, националност и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба и дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, а со оспорената одредба граѓаните се ставаат во нееднаква и дискреминирана положба.

Во иницијативата се наведува и дека поради неможноста за издавање нови пасоши во законски предвидениот рок, граѓаните нема да бидат во можност да патуваат надвор од државата и да се вратат пак, што е во спротивност со член 27 од Уставот според кој, секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Ограничувањето на овие права може да се ограничи само со закон и единствено во случаи кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, за водење на кривична постапка или поради заштита на здравјето на граѓаните.

Понатаму во иницијативата се наведува дека член 5 од оспорениот закон е во спротивност и со член 11 ставови 1 и 2 од Уставот според кој физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени, при што се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Предвремено прекинување на важноста на возачките дозволи кои имаат законски утврдена важност од 10 години, како и оперативната неподготвеност на управните служби да го подготват и извршат процесот на промена на овие документи создава метеж за граѓаните при чекање за поднесување документи, иако нивните возачки дозволи имаат валиден рок на важност деклариран од државата.

Според наводите во иницијативата поради неверојатниот метеж при аплицирање и подигање на документи граѓаните се приморани дополнително да го бранат сопствениот морален интегритет од разните форми на понижувачко однесување на институциите, но и на граѓаните кои за да го остварат сопственото право, го нарушуваат правото на другите.

Исто така, во иницијативата се наведува дека со примената на оспорената одредба од 12 февруари 2024 година, илјадници граѓани би останале без важечка возачка дозвола, а илјадници граѓани се подложени на дискриминација и нарушување на нивниот углед и достоинство. Исто така, со примената на оспорениот член од Законот ќе настанат тешко остранливи последици по имотот, угледот, достоинството, економските и социјалните права на граѓаните, слободата на движење, како и безбедноста и сигурноста на јавниот ред и мир во државата.

Подносителот предлага, согласно со точката 3 од иницијативата, Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот член 5 од Законот и истиот да го укине.

На крајот на иницијативата, подносителот предлага Судот, согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, да донесе решение за запирање на извршувањето на оспорената одредба, сè со цел да не настанат тешко отстранливи последици кои би можело да настанат со нејзиното извршување до донесувањето на конечната одлука.

II

На седницата Судот утврди дека во член 5 од оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр 122/2021 од 03.06.2021 година, се предвидува дека возачките дозволи и возачките книшки кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

III

Во претходната постапка и на седницата, Судот ја утврди следната фактичка состојба:

Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е донесен на седницата на Собранието одржана на 1 јуни 2021 година и објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија, бр 122/2021“ на 03.06.2021 година.

Во Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, оспорениот член 5 уредува дека возачките дозволи и возачките книшки кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата бил дел од пакетот закони од националното законодавство што беше потребно да се усогласат со Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуцијата 817(1993) и 845(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации и со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2019.

Согласно со Амандманот XXXIII на Уставот на Република Северна Македонија, зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „ Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборот „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Во член 3 од Уставниот закон е пропишано дека постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународната употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII на Уставот најдоцна во рок од пет години од неговото влегување во сила.

Во тој контекст се донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, двата закони објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021. Во двата закони е наведено дека патните исправи и возачките дозволи кои содржат натпис „Република Македонија“ ќе важат до истекот на рокот на важење наведени во патните исправи, односно возачката дозвола, а најдоцна до 12 февруари 2024 година, кога истекува рокот за усогласување на националните прописи со Конечната спогодба.

Оспорениот член 5 од Законот оспорен со оваа иницијатива е изменет и има нова содржина, така што Собранието на Република Северна Македонија на седница одржана на 12 февруари 2024 година, го донесе Законот за изменување на Законот за сообраќајот на патиштата, објавен во „Службен весник на РСМ“ број 33/2024 на 12.02.2024 година.

Во член 1 се наведува дека во Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/21), во член 5 зборовите „12 февруари 2024 година“ се заменуваат со зборовите „31 декември 2024 година“.

Во член 2 се наведува дека Законот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Според член 110 алинеја 1 од Уставот, „Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.“

Во член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд се предвидува дека „Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.“

Од цитираната уставна одредба произлегува дека Уставниот суд е овластен да одлучува за уставноста на законите кои се во правниот поредок, а од изнесената одредба на Деловникот на Судот произлегува дека доколку постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата.

Со оглед на тоа дека член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/21), престанал да важи со денот на објавувањето на член 1 од Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.33/2024), односно на 12 февруари 2024 година, Судот цени дека оспорениот член 5 од Законот не е повеќе во правниот поредок, истиот е изменет и има нова содржина, поради што постојат процесни пречки за одлучување на Судот по иницијативата, па таа треба да се отфрли согласно со член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriu
U.nr.11/2024
Shkup, 03.07.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 3 korrik 2024, miratoi

A K T V E N D I M

REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.122/2021).

Arsyetim
I

Partia politike VMRO-DPMNE ka dërguar iniciativë në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 122/2021).

Parashtruesi në iniciativë thekson se neni 5 i kontestuar i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor është në kundërshtim me nenin 8 alinetë 1 dhe 3, nenin 9, nenin 27, nenin 11, paragrafët 1 dhe 2 dhe nenin 25 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas pohimeve në iniciativë, dispozita e kontestuar në mënyrë të drejtpërdrejtë e cënon parimin e barazisë së qytetarëve dhe është në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës, që përcakton se qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në lirinë dhe të drejta pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, kombësisë dhe origjinës sociale, besimit politik dhe fetar, pozitës pronësore dhe shoqërore dhe se qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve, dhe me dispozitën e kontestuar qytetarët vihen në pozitë të pabarabartë dhe të diskriminuar.

Në iniciativë thuhet gjithashtu se për shkak të pamundësisë së lëshimit të pasaportave të reja brenda afatit të përcaktuar ligjor, qytetarët nuk do të mund të udhëtojnë jashtë vendit dhe të kthehen sërish, gjë që bie në kundërshtim me nenin 27 të Kushtetutës, sipas të cilit çdo shtetas ka të drejta për tu larguar nga territori i Republikës dhe për t’u kthyer në Republikë. Kufizimi i këtyre të drejtave mund të kufizohet vetëm me ligj dhe vetëm në rastet kur është e nevojshme për mbrojtjen e sigurisë së Republikës, për mbajtjen e procedurës për kundërvajtje ose për mbrojtjen e shëndetit të qytetarëve.

Më tej, në iniciativë thuhet se neni 5 i ligjit të kontestuar është gjithashtu në kundërshtim me nenin 11, paragrafët 1 dhe 2 të Kushtetutës, sipas të cilit integriteti fizik dhe moral i një personi është i pacenueshëm, ndërsa çdo formë e torturës, sjelljes çnjerëzore ose degraduese dhe ndëshkimi është i ndaluar. Ndërprerja e parakohshme e vlefshmërisë së patentë shoferëve që kanë një vlefshmëri të përcaktuar me ligj prej 10 vitesh, si dhe mosgatishmëria operative e shërbimeve administrative për të përgatitur dhe kryer procesin e ndryshimit të këtyre dokumenteve krijon mbingarkesë për qytetarët në pritje të dorëzimit të dokumenteve edhe pse patentat e tyre të shoferit kanë afat të vlefshmërisë të deklaruar nga shteti.

Sipas pretendimeve në iniciativë, për shkak të mbingarkesës së pabesueshme me rastin e aplikimit dhe marrjes së dokumenteve, qytetarët detyrohen të mbrojnë edhe integritetin e tyre moral nga forma të ndryshme të sjelljeve nënçmuese të institucioneve, por edhe të qytetarëve të cilët me qëllim për të realizuar të drejtat e veta, i shkelin të drejtat e të tjerëve.

Në iniciativë thuhet gjithashtu se me zbatimin e dispozitës së kontestuar të 12 shkurtit 2024, mijëra qytetarë do të mbesin pa patentë shofer të vlefshëm dhe mijëra qytetarë janë subjekt i diskriminimit dhe cenimit të reputacionit dhe dinjitetit të tyre. Gjithashtu, me zbatimin e nenit kontestues të ligjit do të jetë e vështirë të hiqen pasojat për pronën, reputacionin, dinjitetin, të drejtat ekonomike dhe sociale të qytetarëve, lirinë e lëvizjes, si dhe sigurinë dhe sigurimin e rendit dhe paqes publike në vend.

Parashtruesi propozon, në përputhje me pikën 3 të iniciativës, që Gjykata Kushtetuese të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 të ligjit të kontestuar dhe shfuqizimin e tij.

Në përfundim të iniciativës, parashtruesi i propozon Gjykatës që, në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, të marrë vendim për ndalimin e zbatimit të dispozitës së kontestuar, për të shmangur heqjen e pasojave që mund të lindin nga zbatimi i sajë deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 5 të Ligjit kontestues për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut”, nr. 122/2021, të datës 03.06.2021, është përcaktuar se patentë shoferët dhe librezat e shoferit të cilat përmbajnë mbishkrimin “Republika e Maqedonisë” të lëshuara deri në ditën e fillimit të zbatimit të këtij ligji, do të jenë të vlefshme deri në skadimin e afatit të vlefshmërisë të përcaktuar në patentë shoferin, jo më vonë se 12 shkurt të vitit 2024.

III

Në procedurën paraprake dhe në seancë, Gjykata konstatoi gjendjen faktike si në vijim:

Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor është miratuar në seancën e Kuvendit të mbajtur më 1 qershor 2021 dhe është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut, nr. 122/2021” më 3 qershor 2021.

Në Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor, neni 5 i kontestuar përcakton se patentë shoferët dhe librezat e shoferit që përmbajnë mbishkrimin “Republika e Maqedonisë” të lëshuara para datës së fillimit të zbatimit të këtij ligji do të jenë të vlefshme deri në datën e skadimit të afatit të vlefshmërisë që shënohet në patentë shoferin, jo më vonë se data 12 shkurt 2024.

Ligji për siguri në komunikacionin rrugor ka qenë pjesë e një pakoje të ligjeve të legjislacionit nacional që kërkohej të harmonizohen me Marrëveshjen Përfundimtare për Zgjidhjen e Dallimeve të përshkruara në Rezolutat 817(1993) dhe 845(1993) të Këshillit të Sigurimit të Kombeve të Bashkuara dhe me Ligjin Kushtetues për zbatimin e amendamenteve nga XXXIII deri në XXXVI të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 6/2019.

Në përputhje me Amendamentin XXXIII të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, fjalët “Republika e Maqedonisë” zëvendësohen me fjalët “Republika e Maqedonisë së Veriut”, ndërsa fjala “Maqedoni” zëvendësohet me fjalën “Maqedonia e Veriut”, përveç nenit 36 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë.

Në nenin 3 të Ligjit Kushtetues përcaktohet se dokumentet ekzistuese zyrtare dhe materialet e administratës publike për përdorim ndërkombëtar dhe dokumentet për përdorim të brendshëm që mund të përdoren jashtë vendit duhet të jenë në përputhje me Amendamentin XXXIII të Kushtetutës, jo më vonë se pesë vjet nga hyrja e tij në fuqi.

Në këtë kontekst, u miratuan Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për sigurin në komunikacionin rrugor dhe Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për dokumentet e udhëtimit të qytetarëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, të dy ligjet të botuara në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 122/2021. Në të dy ligjet theksohet se dokumentet e udhëtimit dhe patentë shoferët që përmbajnë mbishkrimin “Republika e Maqedonisë” do të jenë të vlefshme deri në skadimin e afatit të vlefshmërisë së përcaktuar në dokumentet e udhëtimit, gjegjësisht në patentë shoferin, dhe jo më vonë se 12 shkurt 2024, kur skadon afati për harmonizimin e rregullave nacionale me Marrëveshjen Përfundimtare.

Neni 5 i kontestuar i ligjit i kontestuar me këtë iniciativë është ndryshuar dhe ka përmbajtje të re, kështu që Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut në seancën e mbajtur më 12 shkurt 2024 e miratoi Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për komunikacionin rrugor, botuar në “Gazetën Zyrtare të RMV-së” me numër 33/2024, më 12.02.2024.

Në nenin 1 theksohet se në Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 122/21), në nenin 5 fjalët “12 shkurt 2024” zëvendësohen me fjalët “31 dhjetor 2024”.

Në nenin 2 theksohet se Ligji hyn në fuqi ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Sipas nenit 110 alineja 1 të Kushtetutës, “Për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën vendos Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë”.

Neni 28 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese përcaktohet se “Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa procedurale për të vendosur për iniciativën.“

Nga dispozita kushtetuese e cituar rezulton se Gjykata Kushtetuese është e autorizuar të vendosë për kushtetutshmërinë e ligjeve që janë në rendin juridik dhe nga dispozita e paraqitur e Rregullores së Gjykatës rezulton se nëse ka pengesa procedurale për vendimmarrje për iniciativën, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën.

Meqenëse neni 5 i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për siguri në komunikacionin rrugor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 122/21) është shfuqizuar me ditën e publikimit të nenit 1 të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për sigurinë në komunikacionin rrugor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 33/2024), respektivisht më 12 shkurt 2024, Gjykata vlerëson se neni 5 i kontestuar i Ligjit nuk është më në rendin juridik , i njëjti është ndryshuar dhe ka përmbajtje të re, për këtë arsye ka pengesa procedurale që Gjykata të vendosë për iniciativën, kështu që ajo duhet të refuzohet në përputhje me nenin 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski