Одговор на Уставниот суд во врска со реакцијата на Здружението на судии за отфрлената иницијатива за платите на судиите

По прашања од повеќе медиуми кои се однесуваат на Решението за отфрлање на иницијативата за платите на судиите, Уставниот суд го дава следниот одговор: 

Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација. 

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Судот по предметната иницијатива одлучи, но дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура кои се од исклучително значење за враќањето на угледот и на довербата на граѓаните во правосудниот систем и воопшто во институциите на системот.