У.бр.39/2024


Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.39/2024
Скопје, 28.05.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 28 мај 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот во глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Теарце, бр.07-223/1 од 17.05.2005 година.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на насловот во глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Теарце, бр.07-223/1 од 17.05.2005 година.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека Деловникот на Советот на Општина Теарце содржи дел со наслов 9 „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 107, 108, 109 и 110.

Според член 107 од Деловникот, барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот,10% од избирачите во општината, јавното претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење.

Во член 108 од истиот деловник, се предвидува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до претседателот на Статутарно-правната комисија.

Согласно член 109 од Деловникот, Статутарно-правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и општинската администрација.

Според член 110 од оспорениот деловник, ако Статутарно- правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично токлување не е оправдано, Статутарно-правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.

III

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно со член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд е определено дека Судот може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Согласно со член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Теарце врз основа на член 62 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/2002) и член 21 став 1 точка 2 и член 53 од Статутот на Општина Теарце („Службен гласник на Општина Теарце” број 1/2003) на седница одржана на 17.05.2005 година го донел Деловникот на Советот на Општина Теарце.

Деловникот на Советот на Општина Теарце содржи дел со наслов 9„Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 107, 108, 109 и 110. Во член 107 од Деловникот на Општината се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавното претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите донесени од Советот на Општината. Во член 108 од Деловникот, се уредува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до претседателот на Статутарно-правната комисија. Во член 109 се предвидува дека Статутарно-правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и општинската администрација, а според член 110 од Деловникот на Општината ако Статутарно правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично токлување не е оправдано, Статутарно-правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието, согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, оспорените одредби даваат право на членовите на Советот на Општината да поднесат барање за автентично толкување на општ акт,10% од избирачите во општината, јавното претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи, и покрај тоа што станува збор за Совет на Општина кој претставува орган на локалната власт.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

Правото на давање автентично толкување на прописи е прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите.

Врз основа на направената анализа произлегува дека предмет на уредување е определено право за членовите на Советот да бараат автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина или негов член да дава или бара автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти.

Од овие причини Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот, по сопствена иницијатива Судот оформи предмет со кој го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед на тоа дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината е без уставен и законски основ, Судот оцени дека постои сомнение за неговата согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот.

Имајќи го предвид сето погоре изнесено, според Судот исполнети се условите за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на означените одредби од Деловникот.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот оцени дека се исполнети и условите Судот да ја запре примената на спорните одредби од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.39/2024
Shkup, 28.05.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 28 maj 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit në kreun VIII pika 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 107, 108, 109 dhe 110 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Tearcës, nr.07-223/1 nga 17.05.2005.

2. NDËRPRITET realizimin e akteve individuale dhe veprimet e ndërmarra në bazë të titullit në kreun VIII pika 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 107, 108, 109 dhe 110 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Tearcës, nr.07-223/1 nga 17.05.2005.

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të ngritë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Tearcës përmban një pjesë të titulluar 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë rregulluar nenet 107, 108, 109 dhe 110.

Sipas nenit 107 të Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrjt publike që ushtrojnë veprimtari në rajonin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre.

Në nenin 108 të së njëjtës rregullore, parashikohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i parashtrohet Kryetarit të Këshillit, i cili ia parashtron menjëherë kërkesën kryetarit të Komisionit Statutar-Juridik.

Në pajtim me nenin 109 të Rregullores, Komisioni Statutar-Juridik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese së Këshillit dhe administratës komunale pas kërkesës për interpretim autentik.

Sipas nenit 110 të Rregullores së kontestuar, nëse Komisioni Statutar-Juridik vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimi autentik nuk është e arsyeshme, Komisioni Statutar-Juridik për këtët do t’i parashtrojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e parashtruar.

III

Sundimi i ligjit është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në pajtim me nenin 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, është përcaktuar se vetë Gjykata mund të fillojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli apo akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë aktvendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse realizimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Tearcës në bazë të nenit 62 paragrafi 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 05/2002) dhe nenit 21 paragrafi 1 pika 2 dhe neni 53 të Statutit të Komunës së Tearcës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Tearcës” numër 1/2003) në mbledhjen e mbajtur më 17.05.2005 ka miratuar Rregulloren e Këshillit të Komunës së Tearcës.

Rregulloreja e punës së Këshillit të Komunës së Tearcës përmban një pjesë të titulluar 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë rregulluar nenet 107, 108, 109 dhe 110. Në nenin 107 të Rregullores së Komunës kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrja publike që kryen veprimtari në zonën e komunës dhe organet shtetërore kur nevoja për interpretim autentik lind në lidhje me zbatimin e akteve të miratuara nga Këshilli i Komunës. Në nenin 108 të Rregullores, rregullohet që kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i parashtrohet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia parashtron kërkesën Kryetarit të Komisionit Statutar-Juridik. Në nenin 109 parashikohet që Komisioni Statutar-Juridik me kërkesë për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga trupat punues të Këshillit dhe të administratës komunale, dhe sipas nenit 110 të Rregullores së Komunës nëse Komisioni Statutar-Juridik vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për dhënien e interpretimit autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni Statutar Juridik për këtë do t’i parashtrojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e parashtruar.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, dispozitat e kontestuara u japin të drejtë anëtarëve të Këshillit të Komunës që të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrjes publike që ushtron veprimtari në territorin e komunës dhe organeve shtetërore, pavarësisht se bëhet fjalë për Këshillin e Komunës, që është organ i pushtetit lokal

Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk përmban dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregulloreve që miratojnë.

E drejta për të dhënë një interpretim autentik të rregullave është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me neni 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve.

Nga analiza rezulton se objekt i rregullimit është e drejta e caktuar e anëtarëve të Këshillit që të kërkojnë interpretim autentik të akteve të miratuara, edhe pse Kushtetuta dhe Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk e autorizojnë këshillin e një komunë ose një anëtar të saj të japë ose të kërkojë një interpretim autentik të rregullave që i miraton, as ligji në fjalë nuk i referohet mundësisë së rregullimit të procedurës për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut ose rregullore të komunës).

Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores Punës, me vetëiniciativë, formoi lëndë që ngriti çështjen e pajtueshmërisë së dispozitës së shënuar të Rregullores me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale. Duke qenë se rregullimi i saj në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se ka dyshime për pajtueshmërinë e saj me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe obligimin kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës.

Duke marrë parasysh gjithçka që u tha më lartë, sipas Gjykatës, janë plotësuar kushtet për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të përcaktuara të Rregullores.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vlerësoi se janë plotësuar kushtet për pezullimin e zbatimit të dispozitave kontestuese të Rregullores së Komunës nga Gjykata, si dhe të ndalojë realizimin e akteve individuale ose të veprimeve që kryhen në bazë të aktit kontestues, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska