Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.34/2024
Скопје, 03.07.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 70 и 79 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 3 јули 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани” број 5/2006).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани” број 5/2006).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива, со Решението У.бр.34/2024 од 9 април 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Кочани, означен во точката 1 од оваа одлука.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесe барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Кочани во свој пропис – Деловникот за работата на Советот на Општина Кочани од 09.06.2006 („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006) во глава III „Права и должности на членовите на Советот“ содржи дел со наслов 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 став 1 алинеја 3 каде се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите. Судот при одлучувањето ги имаше во предвид измените и дополнувањата на Деловникот на Советот на Општина Кочани од 20.02.2012 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.2/2012) каде меѓу другото се брише членот 5 и измените и дополнувањата на Деловникот на Советот на Општина Кочани од 30.04.2015 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 4/2015) и утврди дека со бришењето на член 5 кој му претходи нумерички на член 15 од Деловникот всушност истиот требало да добие нумерички број 14, но соодветното нумеричко усогласување на членовите во Деловникот не е направено од страна на Општината. Имајќи ја предвид надлежноста на Уставниот суд, од член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот произлегува дека исправањето на технички пропусти не спаѓа во надлежност на Судот, туку во надлежност на доносителот на актот, Судот ја анализираше одредбата како што е нумерирана во основниот текст на Деловникот за работата на Советот на Општина Кочани од 09.06.2006 („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006) во која содржински е определено правото на членовите на Советот на седниците на Советот да поднесуваат барања за давање на автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Кочани, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).
Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Кочани излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани е во спротивност со Законот за локалната самоуправа и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.34/2024
Shkup, 03.07.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 dhe 79 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 3 korrik 2024, miratoi
V E N D I M
1. NDËRPRITET neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit („Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” numër 5/2006).
2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndalimin e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit („Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” numër 5/2006).
3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë me Aktvendimin U.nr.34/2024 nga 9 prill 2024 inicoi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit, të shënuar në pikën 1 të këtij vendimi.
II
Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 5/2002) rregullohen kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, këshilli është kompetent që tëmiratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e punëve në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për vetëqeverisje lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjen e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe me rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, statuti dhe rregullat tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqverisjen lokale.
Në rastin konkret Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Koçanit në Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 09.06.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” nr.5/2006) në kreun III “Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit” përmban një pjesë të titulluar 3 “Inicimi i iniciativave dhe paraqitja e propozimeve” i cili përmban nenin 15 paragrafi 1 alineja 3 ku rregullohet që një anëtar i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë në mbledhjet e Këshillit që të jepet interpretim autentik i rregullores. Gjykata gjatë marrjes së vendimit ka marrë parasysh ndryshimet dhe plotësimet në Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 20.02.2012 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” nr. 2/2012), ku ndër të tjera, shlyhet neni 5 dhe ndryshimet dhe plotësimet e Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 30.04.2015 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” nr. 4/2015) dhe ka përcaktuar se me shlyerjen e nenin 5, i cili numerikisht i paraprin nenit 15 të Rregullores së Punës, është dashur të marrë numrin numerik 14, por nuk është bërë radhitja numerike e duhur e neneve në Rregullore nga Komuna. Duke marrë parasysh kompetencën e Gjykatës Kushtetuese, nga neni 110, pikat 1 dhe 2 të Kushtetutës, rezulton se korrigjimi i gabimeve teknike nuk është në kompetencën e Gjykatës, por në kompetencën të miratuesit të aktit, Gjykata ka analizuar dispozitën e numëruar në tekstin bazë të Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 09.06.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit” nr. 5/2006) në të cilën në përmbajtje përcaktohet e drejta e anëtarëve të Këshillit për të paraqitur kërkesa për interpretim autentik të rregullave, në mbledhjet e Këshillit.
E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Koçanit ua ka paraparë anëtarëve të Këshillit me Rregulloren e punës, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullores”. Megjithatë, Ligji për vetëqeverisjen lokale, me asnjë dispozitë, nuk e parasheh kompetencën e këshillit të një komune për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as ligji nuk u jep komunave autorizim që të mund të rregullojnë dispozitat për interpretim autentik në rregulloret (rregullat ose statutet) e tyre të akteve të përgjithshme.
Organet e vetëqeverisjes lokale mund të përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse e njëjta parashikohet në ligj, siç parashikohet për ligjvënësit si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.152/2019).
Por, për organet e pushtetit lokal, me ligj nuk parashikohet instituti interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 15 paragrafi 1 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit, që përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit janë paraparë pa bazë ligjore me të cilën Këshilli i Komunës së Koçanit ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata konsideroi se neni 15 paragrafi 1 alineja 3 të Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Koçanit është në kundërshtim me Ligjin për vetëqeverisje lokale dhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës, të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilin në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski