Уставниот суд донесе Заклучок во врска со информациите за функцијата на судијата Добрила Кацарска

Во врска со информацијата доставена до пратениците на Собранието дека судијата на Уставниот суд, Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд  на работен состанок одржан денеска, со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот ЗАКЛУЧОК. 

Согласно член 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите.

Членот 109, изменет со Амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на  Уставниот суд. 

Согласно член 111 од Уставот јасно се определени основите за престанок на функцијата уставен судија.

Оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд  е самиот Уставен суд.

Секое преземање на било какво дејствие на било кој државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. 

Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија. 

Со почит, 

Уставен суд на Република Северна Македонија 

————————————————————————————————–

Во врска со дополнителните прашања поставени по одржаната прес конференција, а со кои се бара одговор дали судиите се солидаризираат со судијката Добрила Кацарска, Судот одговара дека со денешниот заклучок Судот го штити Уставот, својата независност и самостојност.