Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.19/2024
Скопје, 20 јуни 2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Атанасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 јуни 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница, број 07-198/2 од 30.03.2006 година („Службен гласник на Општина Пласница” број 2/2006 и 3/2019).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница, број 07-198/2 од 30.03.2006 година („Службен гласник на Општина Пласница” број 2/2006 и 3/2019).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива, со Решението У.бр.19/2024 од 27 март 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Пласница, означен во точката 1 од оваа одлука.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесe барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Пласница во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Пласница, во главата III „Права и должности на членовите на Советот“, поглавје 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“, го уредил член 15 став 1 алинеја 3 според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Пласница, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).
Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Пласница излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница е во спротивност со Законот за локалната самоуправа и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.19/2024
Shkup, 20 qershor 2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të dr. Darko Kostadinovski, kryetar i Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 dhe 79 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 qershor 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 15 paragrafi 1 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës, numër 07-198/2 të datës 30.03.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pllasnicës“ nr.2/2006 dhe 3/2019).
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 15 paragrafit 1 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës, numër 07-198/2 të datës 30.03.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pllasnicës“ nr.2/2006 dhe 3/2019).
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetiniciativë me Aktvendimin U.nr. 19/2024 të 27 marsit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës, të shënuar në pikën 1 të këtij Vendimi.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se në nenin 15 paragrafin 1 alinenë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës parashihet se anëtari i Këshillit ka të drejtë në seancat e Këshillit të parashtrojë kërkesë për interpretimin autentik të rregullave.
III
Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili e vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, ndërsa në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, anëtarët e këshillit kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, megjithatë, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Pllasnicës në rregullin e tij – Rregullorja e Këshillit të Komunës së Pllasnicës, në kapitullin III “Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit”, kapitulli 3 ”Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve”, e ka rregulluar nenin 15 paragrafin 1 alinenë 3, sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.
Të drejtën të cilën Këshilli i Komunës së Pllasnicës, ua ka paraparë anëtarëve të Këshillit me Rregulloren e Punës, lidhet me institutin “interpretimi autentik i rregullave”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, me asnjë dispozitë nuk e parasheh autoritetin e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep komunave autorizimin që të jenë në gjendje, në rregullat e tyre (rregullore ose statut), t’i rregullojnë dispozitat për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.
Organet e pushtetit lokal mund ta përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse e njëjta gjë parashihet me ligj, siç parashihet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013) dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).
Megjithatë, ky institut për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme të cilat i miraton nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj nuk mundet në rregullore apo statut të rregullohet instituti dhe procedura për të. Si rrjedhojë neni 15 paragrafi 1 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës, me të cilën përcaktohet e drejta e anëtarëve të Këshillit të Komunës të munden në seancat e Këshillit të parashtrojnë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave është rregulluar pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Pllasnicës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Duke e marrë parasysh sa më sipër si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata konsideroi se neni 15 paragrafi 1 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pllasnicës bie ndesh me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale dhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës, të përcaktuara në nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski