У.бр.45/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.45/2024
Скопје, 20 јуни 2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска,  д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 јуни 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, број 07-1176/2 од 30.06.2009 година.

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, број 07-1176/2 од 30.06.2009 година.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива, со Решението У.бр.45/2024 од 27 март 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, означен во точката 1 од оваа одлука.

II

На седницата Судот утврди дека во член 24 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње се предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за автентично толкување на актите што ги носи Советот.

Судот, исто така, утврди дека во Деловникот на Советот на Општина Боговиње, во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“, е содржано поглавје 9 „Автентично толкување на општи акти“, во кое се уредени членовите 109, 110, 111 и 112.

Имено, Судот утврди дека според член 109 од Деловникот „Барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење“.

Во член 110 од Деловникот е уредено дека „Барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето го доставува до Статутарно правната комисија“.

Според член 111 од Деловникот „Статутарно правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од општинската администрација“.

Согласно со член 112 од Деловникот „Ако Статутарно правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Статутарно правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот“.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).

Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Боговиње, со што Советот на Општина Боговиње излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 24 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње и насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, се во спротивност со Законот за локалната самоуправа и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.45/2024
Shkup, 20 qershor 2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të dr. Darko Kostadinovski, kryetar i Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 qershor 2024, miratoi

V E N D I M

1. SHFUQIZOHET neni 24 paragrafi 1 alineja 4 në titullin në kapitullin 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit XIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës, numër 07-1176/2 të datës 30.06.2009.

2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 24 paragrafit 1 alinesë 4, në titullin në kapitullin 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit XIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës, numër 07-1176/2 të datës 30.06.2009.

3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim
I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetiniciativë me Aktvendimin U.nr. 45/2024 të 27 marsit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Komunës së Bogovinës, të shënuar në pikën 1 të këtij Vendimi.

II

Në seancë Gjykata konstatoi se sipas nenit 24 paragrafi 1 alineja 4 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës parashihet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.

Gjykata, gjithashtu konstatoi se Rregulloren e Këshillit të Komunës së Bogovinës, në kapitullin VIII, “Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme”, ndodhet kapitulli 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, në të cilin janë rregulluar nenet 109, 110, 111 dhe 112.

Përkatësisht, Gjykata vendosi se sipas nenit 109 të Rregullores “Kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre”.

Sipas nenit 110 të Rregullores, “Kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla”.

Me nenin 111 të Rregullores, përcaktohet se “Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale”.

Në pajtim me nenin 112 të Rregullores, “Nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep autorizim komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre, të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013) dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).

Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë institutin interpretim autentik dhe procedurën për të, siç në rastin konkret ky institut është i rregulluar me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Bogovinës, me çka Këshilli i Komunës së Bogovinës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

Duke e marrë parasysh atë që u tha më sipër, si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë shprehu dyshim për përputhshmërinë e nenit 24 paragrafit 1 alinesë 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës dhe përputhshmërinë e titullit të kapitullit 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, përfshirë para Gjykatës me bazë u ngrit çështja e pajtueshmërisë së tyre edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski