У.бр.24/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр. 24/2024
Скопје, 20 јуни 2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска,  д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 јуни 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06).

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.24/2024 од 9 април 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе, означен во точката 1 од оваа одлука.

II

На седницата Судот утврди дека според член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе, член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

III

Согласно со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото.

Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно со член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Со член 27 став 1 од Деловникот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно со член 43 од Законот за локалната самоуправа ги пропишува правата и должностите на членовите на советот, според став 2 од истиот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Свети Николе врз основа на член 3 од Статутот на Општина Свети Николе „Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.1/06, на седницата одржана на 6 март 2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Свети Николе објавен во „Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06.

Во Деловникот на Советот на Општина Свети Николе, во поглавјето III. Права и должности на членовите на советот, точка 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ е содржан член 14 алинеја 3, кој пропишува право на член на Советот на седниците да поднесува барање за давање автентично толкување на прописите.

Правото пропишано во член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе предвидува можност да постои правниот институтот „автентично толкување на прописите“. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа не содржи одредби од кои произлегува надлежност за совет на општина да може да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за давање автентично толкување на општи акти, па оттука, Советот на Општина Свети Николе излегол надвор од своите надлежности уредувајќи во Деловникот на Советот на Општината, право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.91/2008, 119/2010 и 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/2019). Во конкретниот случај, за органите на локалната власт нема законска основа за давање автентично толкување, од причина што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедурата за истиот.

Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај, Судот оцени дека оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе не е во согласност со Законот за локалната самоуправа, вклучително и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.24/2024
Shkup, 20 qershor 2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20.06.2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET neni 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr.2/06).

2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndalimin e zbatimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr.2/06).

3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë me Vendimin U.nr.24/2024 nga 9 prill 2024 inicoi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës, të shënuar në pikën 1 të këtij vendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e punëve në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit për vetëqeverisje lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjen e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe me rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Në rastin konkret, Gjykata ka përcaktuar se Këshilli i Komunës së Sveti Nikollës në bazë të nenit 3 të Statutit të Komunës së Sveti Nikollës “Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr. 1/06, në seancën e mbajtur më 6 mars 2006, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës të botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Sveti Nikollës” nr. 2/06.

Në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, pika 3 “Ngritja e iniciativave dhe paraqitja e propozimeve” përfshihet në nenin 14 alineja 3, që përcakton të drejtën e anëtarit të Këshillit në mbledhje të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.

E drejta e përcaktuar në nenin 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës parasheh mundësinë e ekzistimit të institutit juridik “interpretim autentik i rregullave”. Megjithatë, Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban dispozita nga e cila del kompetencë që këshilli i një komune të mund të japë interpretim autentik të rregullave që i miraton, as Ligji nuk u jep komunave autorizimin që të jenë në gjendje që në rregullat e tyre (rregullore ose statutet), të rregullojnë dispozita për dhënien e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme, prandaj, Këshilli i Komunës së Sveti Nikollës doli përtej kompetencave të tij duke rregulluar në Rregulloren e Këshillit të Komunës, të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës të mund të paraqesin kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.

Një interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/2019). Në rastin konkret nuk ka asnjë bazë ligjore që organet e pushtetit lokal të japin interpretim autentik, për arsye se ky institut dhe procedura për të nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut.

Duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregulloret tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në rastin konkret, Gjykata vlerësoi se dispozita e kontestuar e Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës nuk është në pajtim me Ligjin për vetëqeverisje lokale, duke përfshirë vlerën themelore të rendit Kushtetutes – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski