Соопштение по одржаната 19. седница на Уставниот суд

По одржаната 19. Седница на 20 јуни 2024 година на којшто се дискутираше по 7 предмети за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и по 8 предлози за одлучување, Судот одлучи:

1. Реферат У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024

Судот одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023) и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023).

Подносители на иницијативите: Петар Баришиќ и Љупчо Кузмановски, адовокт

Повеќе детали се објавени тука.

2. Реферат У.бр.99/2024

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 273 ставови 10 и 11 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15, 97/17, 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/23 и 188/23).

Подносители на иницијативата: Aнтонио Апостолски и Кирил Стојановски, адвокати

3. Реферат У.бр.109/2024

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 49 во делот „освен членот 8 кој се однесува на заштита на жртвите од казниви дела и заштита на жртви од трговија со луѓе“ од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).

Подносител на иницијативата: Oливер Давидовски

4. Реферат У.бр.131/2024 и У.бр.143/2024

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2024) и ги отфрли иницијативите во делот во кој се бара оценување на согласноста на оспорените закони наведени во точката 1 на ова решение, со член 2 став 2 од Законот за платите на јавните обвинители („Службен весник на Република Македонија” број 110/2007, 103/2008, 161/2008, 153/2009, 67/10, 97/10, 135/11, 231/15, 248/18 и 51/2024), и член 2 став 2 од Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 139/2009, 67/2010, 97/2010 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2024).

Подносители на иницијативите: Здружение на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

5. Реферат У.бр.167/2024 

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 38 став 2 во делот „Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис“ од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015 и 65/2018).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.69/2023 и У.бр.70/2023

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори и нивните измени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.223/2022) и не поведе постапка за оценување на уставноста за целината на Правилникот и за уставноста и законитоста на посебно оспорените член 1 и член 4 од истиот правилник.

Подносители на иницијативите: Николче Мушаревски и Независен синдикат на одбраната претставуван од претседателот Ванчо Исајов

7. Реферат У.бр.170/2024

Судот одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр.0202/366 од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година.

Подносител на иницијативата: Благоја Пандовски, адвокат од Скопје

8. Барање за заштита на слободи и права – Реферат У.бр.159/2023 

Уставниот суд донесе одлука со која се одбива барањето на Шерифе Мусовска и Ајредин Мусовски, двајцата од Битола, поднесена преку полномошник Лупчо Кожовски, адвокат од Битола, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на забрана на дискриминација по основ на национална и социјална припадност.

Подносител на барањето: Шерифе М. и Ајредин М., преку полномошник адвокат Љупчо Кожовски

9. Предлог за одлучување по У.бр.19/2024

Уставниот суд го укина член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница, број 07-198/2 од 30.03.2006 година („Службен гласник на Општина Пласница” број 2/2006 и 3/2019).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

10. Предлог за одлучување по У.бр.33/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кичево, број 07-1102/12 од 29.03.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Кичево” број 5/2006.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

11. Предлог за одлучување по У.бр.24/2024

Уставниот суд го укина член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

12. Предлог за одлучување по У.бр.45/2024

Уставниот суд го укина член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, број 07-1176/2 од 30.06.2009 година.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

13. Предлог за одлучување по У.бр.56/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината Чучер-Сандево број 08-470/4 од 29.04.2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Чучер-Сандево” број 6/2021.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

14. Предлог за одлучување по У.бр.61/2024

Уставниот суд го укина насловот на точка 9 „Автентично толкување на прописите” и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите” од Деловникот на Советот на Општина Дебрца, објавен во „Службен гласник на Општина Дебрца” број 3/2005, 11/2014 и 6/2019.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

15. Предлог за одлучување по У.бр.71/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче број 07-209/1 од 28.03.2006 година („Службен гласник на Општина Конче” број 2/2006).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

16. Предлог за одлучување по У.бр.80/2024

Уставниот суд го укина насловот на поглавјето 10 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 128, 129, 130, 131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип, бр.07-501/11 од 30.09.2005 година („Службен гласник на Општина Пробиштип“ бр.05/2005).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

17. У.бр.31/2024

Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гостивар број 07-7/1 од 25.01.2006 година („Службен гласник на Општина Гостивар” број 1/2006).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија