У.бр.75/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.75/2024
Скопје, 09.05.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 09.05.2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Општина Липково („Службен гласник на Општина Липково“ бр.7/2022).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Општина Липково („Службен гласник на Општина Липково“ бр.7/2022).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на 25 декември 2023 година, Уставниот суд, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот на Општина Липково.

II

На седницата Судот утврди дека согласно член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Општина Липково, член на Советот има право на седниците на Советот, меѓу другото, да поднесе барање за давање автентично толкување на одредбите.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија согласно член 51 став 1 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. А според ставот 2 од истиот член, секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, според член 110 алинеја 2 од Уставот.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Врз основа на член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Советот на Општина Липково, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 40 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Липково („Службен гласник на Општина Липково” бр.1/2006, 3/2015 и 1/2019) го донел Деловникот за работа на Советот на Општина Липково, објавен во „Службен гласник на Општина Липково” бр.7/2022.

Во конкретниот случај, во член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Советот на Општина Липково е утврдено дека член на Советот има право на седниците на Советот меѓу другото да поднесе барање за давање автентично толкување на одредбите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 248/2023).

Законот за локалната самоуправа, во член 36 став 1 точка 1 определува дека советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, односно според член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Во конкретниот случај, според Судот, станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт. Од Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се предвиди автентично толкување на општи акти. Оттука, Судот цени дека Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа.

Врз основа на наведеното, а согласно со одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај, Судот утврди дека член 40 алинеја 4 од Деловникот за работа на Општина Липково е во спротивност со Законот за локалната самоуправа, а со тоа и во спротивност со темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, според која во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Имајќи предвид дека според Судот основано се постави прашањето за уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот за работа на Општина Липково, Судот оцени дека се исполнети и условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд за донесување на решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните.

V

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

VI

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.75/2024
Shkup, 09.05.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 maj 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 40 alineja 4 e Rregullores së punës së Komunës së Likovës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Likovës” nr.7/2022).

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 40 alinesë 4 të Rregullores së punës së Komunës së Likovës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Likovës” nr.7/2022).

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetiniciativë të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në dispozitivin e këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se neni 40 alineja 4 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Likovës, parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.

III

Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut me nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili e vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Këshilli i Komunës së Likovës në bazë të nenit 36 paragrafit 1 pikës 1 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) dhe nenit 40 paragrafit 1 pikës 2 të Statutit të Komunës së Likovës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Likovës” nr. 1/2006, 3/2015 dhe 1/2019) ka miratuar Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Likovës, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Likovës” nr.7/2022.

Në rastin konkret, në nenin 40 alineja 4 e Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Likovës është përcaktuar se një anëtar i Këshillit ka të drejtë në seancat e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretimin autentik të rregullave në seancat e Këshillit.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjdhënësi si organ i pushtetit ligjdhënës. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës të Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 248/2023).

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale në nenin 36 paragrafi 1 pika 1 përcakton se Këshilli i Komunës është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera, ndërsa sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij Këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Në rastin konkret, sipas Gjykatës, është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e qeverisjes lokale ta zbatojnë, siç është rregulluar për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore. Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk e autorizon këshillin e komunës që të japë interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk i referohet mundësisë në një akt tjetër (statut apo rregullore të komunës) të parashihet interpretimi autentik i akteve të përgjithshme. Prandaj, Gjykata vlerëson se Këshilli i Komunës ka tejkaluar, gjegjësisht i ka kapërcyer kompetencat e parapara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

Bazuar në atë që u tha më lart dhe në pajtim me dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe të gjithë e kanë për detyrë ta respektojnë Kushtetutën dhe ligjin, në rastin konkret Gjykata ka konstatuar se neni 40 alineja 4 e Rregullores së Punës së Komunës së Likovës është në kundërshtim me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale, andaj edhe në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – sundimin e së drejtës, të përcaktuar në nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

IV

Duke e pasur parasysh se sipas Gjykatës me bazë u parashtrua çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së kontestuar të Rregullores së punës së Komunës së Likovës, Gjykata vlerësoi se janë plotësuar edhe kushtet e nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për miratimin e aktvendimit për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të dispozitës së kontestuar, për shkak të krijimit të pasojave të vështira për t’u mënjanuar për qytetarët.

V

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

VI

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska