Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.58/2024
Скопје,09.04.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 09.04.2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на точка 9. Автентично толкување и утврдување на пречистен текст и членовите 96, 97 и 98 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш број 07-2151/1 од 19 декември 2005 година („Службен гласник на Општина Радовиш” број 8/2005).
2. СЕ ЗАПИРА ИЗВРШУВАЊЕТО на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на точка 9. Автентично толкување и утврдување на пречистен текст и членовите 96, 97 и 98 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш број 07-2151/1 од 19 декември 2005 година („Службен гласник на Општина Радовиш” број 8/2005).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставнот Суд на работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, одлучи врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива да оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.
II
На седницата, Судот утврди дека Советот на Општина Радовиш, донел Деловник за работа на советот на Општина Радовиш број 07-2151/1.
Деловникот е заведен со број 07-2151/1 од 19 декември 2005 година и истиот содржи 13 точки. Во точка 9 со наслов „Автентично толкување и утврдување на пречистен текст” се уредени членовите 96, 97 и 98 кои се предмет на оваа иницијатива.
Член 96 од Деловникот уредува дека барање за автентично толкување на акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавните служби, установи, претпријатија и државните органи кога потребата настанала во врска со примената на актите во нивното работење.
Во член 97 се пропишува дека барањето се доставува до претседателот на советот кој веднаш го доставува до Комисијата за статут и прописи, а Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите на советот и општинаската администрација.
Според член 98 од Деловникот, ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно со член 51 од Уставот.
Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.
Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Радовиш, донел Деловник за работа на советот на Општина Радовиш број 07-2151/1.
Деловникот, содржи 13 точки. Точка 9 со наслов „Автентично толкување и утврдување на пречистен текст” во кој се уредени членовите 96, 97 и 98.
Оспорените членови од точка 9 од Деловникот, насловена како автентично толкување и утврдување на пречистен текст (со нумерација како членови 96, 97 и 98) уредуваат кој може да поднесе барање за автентично толкување на општ акт, каде се поднесува барањето, до кого се доставува, кој одлучува по барањето, кој изготвува предлог по барањето, кој го усвојува и кој одлучува дали барањето за автентично толкување е оправдано или не е, за што се сочинува извештај.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието, согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013) и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, Советот на Општина Радовиш како орган на локалната власт, донел Деловник за работа на Советот на Општина Радовиш во кој под точка 9 предвидува „Автентично толкување и утврдување на пречистен текст“ содржани во членовите 96, 97 и 98.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
Согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Радовиш, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш, во кој под точка 9 предвидел „Автентично толкување и утврдување на пречистен текст“ и членовите 96, 97 и 98 од истиот.
Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.
Од наведените причини, Судот цени дека пропишаните членови 96, 97 и 98 во Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш („Службен гласник на Општина Радовиш” број 07-2151/1), се незаконити, а со тоа и спротивни на темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Врз основа на горенаведената уставно-судска анализа, Судот утврди дека се исполнети и условите од член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за донесување решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните, односно дејствија преземени врз основа на оспореното автентично толкување.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.58/2024
Shkup,09.04.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 maj 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pikës 9. Interpretimi autentik dhe përcaktimi i tekstit të konsoliduar dhe neneve 96, 97 dhe 98 të Rregullores së punës së Këshillit të komunës së Radovishit numër 07-2151/1 të 19 dhjetorit 2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Radovishit” numër 8/2005).
2. NDËRPRITET ZBATIMI i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të pikës 9. Interpretimi autentik dhe përcaktimi i tekstit të konsoliduar dhe neneve 96, 97 dhe 98 të Rregullores së punës së Këshillit të komunës së Radovishit numër 07-2151/1 të 19 dhjetorit 2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Radovishit” numër 8/2005).
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetiniciativë vendosi që të formojë lëndë për vlerësimin e pajtueshmërisë së aktit të kontestuar me dispozitat e Kushtetutës.
II
Gjykata në seancë konstatoi se Këshilli i Komunës së Radovishit ka miratuar Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Radovishit me numër 07-2151/1.
Rregullorja është e regjistruar me numër 07-2151/1 më 19 dhjetor 2005 dhe i përmban 13 pikë. Në pikën 9 me titull “Interpretimi autentik dhe përcaktimi i tekstit të konsoliduar” janë redaktuar nenet 96, 97 dhe 98, të cilat janë objekt i kësaj iniciative.
Neni 96 i Rregullores përcakton se kërkesë për interpretim autentik të një akti mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, shërbimet publike, institucionet, ndërmarrjet dhe organet shtetërore kur është paraqitur nevoja në lidhje me zbatimin e akteve në veprimtarinë e tyre.
Në nenin 97 parashikohet se kërkesa i paraqitet kryetarit të këshillit i cili ia paraqet menjëherë Komisionit për Statut dhe Rregulla, ndërsa Komisioni për Statut dhe Rregulla ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet e këshillit dhe administrata komunale për kërkesën për interpretim autentik.
Sipas nenit 98 të Rregullores, nëse Komisioni për Statut dhe Rregullore vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe Rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dorëzuar.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet sipas nenit 51 të Kushtetutës
Sipas dispozitës kushtetuese të paraparë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë kushtetuese për të miratuar ligje dhe për të dhënë interpretim autentik të ligjeve.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.
Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre dhe e gjitha kjo në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.
Nga përmbajtja e aktit të kontestuar, rezulton se Këshilli i Komunës së Radovishit ka miratuar Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Radovishit me numër 07-2151/1.
Rregullorja i përmban 13 pikë. Pika 9 me titullin “Interpretimi autentik dhe përcaktimi i një teksti të konsoliduar” në të cilin janë redaktuar nenet 96, 97 dhe 98.
Nenet e kontestuara nga pika 9 e Rregullores, e titulluar interpretimi autentik dhe përcaktimi i tekstit të konsoliduar (të numëruara si nenet 96, 97 dhe 98) rregullojnë se kush mund të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm, ku parashtrohet kërkesa, kujt i parashtrohet, kush vendos për kërkesën, kush përgatit propozim sipas kërkesës, kush e miraton dhe kush vendos nëse kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar apo jo, për të cilën përpilohet raport.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013) dhe (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimin e vërtetë të një ligji tashmë të miratuar i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Radovishit, si organ i pushtetit lokal, ka miratuar Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Radovishit, në të cilën, në pikën 9, parashikon “Interpretim autentik dhe përcaktim të tekstit të konsoliduar” në nenet 96, 97 dhe 98.
Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk e përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.
Në pajtim me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, këshilli i komunës e miraton statutin e komunës dhe rregulloret e tjera, ndërsa në pajtim me nenin 62 paragrafin 1 të Ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat e tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk përmban dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.
Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Radovishit i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Radovishit, në të cilën në pikën 9 ka paraparë “Interpretim autentik dhe përcaktim të një teksti të konsoliduar” dhe nenet 96, 97 dhe 98.
Duke e patur parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet me ligj në mënyrë që organet e qeverisjes vendore të mund ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i pushtetit shtetëror, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik, ky institut dhe procedura e tij nuk mund të rregullohen në rregullore apo statut.
Për arsyet e cekura, Gjykata vlerëson se nenet 96, 97 dhe 98 të Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Radovishit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Radovishit” numër 07-2151/1) janë të kundërligjshme dhe si rrjedhojë në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të ligjit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullime juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
Bazuar në analizën e lartpërmendur kushtetueso-juridike, Gjykata konstatoi se kushtet nga neni 27 paragrafi 1 i Rregullores së Punës së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për marrjen e vendimit për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarra në bazë të aktit të kontestuar, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u hequr dhe menjanuar për qytetarët, përkatësisht veprime të ndërmarra në bazë të interpretimit autentik të kontestuar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska