У.бр.68/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.68/2024
Скопје, 09.04.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.5/2006).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.5/2006).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите“.

III

Според член 8 став 1 алинеи 3 и 9 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и локалната самоуправа се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 115 став 2 од Уставот, општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитота на нејзината работа го врши Републиката.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно на уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно со уставната одредба, надлежностите на општината се уредени со закон – Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) кој го уредува непосредното учество на граѓаните во одлучувањето, организацијата и работата на органите на општината, општинската администрација и актите на органите на единиците на локалната самоуправа.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.

Според член 62 став 1 од наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должности на членовите на советот, па така согласно став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Советот на Општина Чешиново-Облешево, повикувајќи се на член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.3/05) на 27 мај 2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево, во кој поблиску уредил определени прашања поврзани со организацијата и начинот на работа на Советот на Општината, меѓу кои и прашањето за правата и должностите на членовите на Советот на Општината. Во рамките на правото на членот на Советот да покренува иницијативи и да поднесува предлози до Советот, со оспорената одредба од член 15 точка 3 е предвидено дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите.

Меѓутоа, во Законот за локалната самоуправа, автентичното толкување на прописите на општината не е предвидено како надлежност на советот на општината кој како претставнички орган на граѓаните на локално ниво е единствен орган кој донесува прописи. Оттука, членовите на советот на општината можат да поднесуваат иницијативи и да даваат предлози за прашања од надлежност на советот, а не и за оние прашања за кои советот не е надлежен, ниту овластен да одлучува како што е прашањето за давање на автентично толкување на прописите на советот. Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, се утврди дека Советот на Општина Чешиново-Облешево во свој пропис – Деловникот за работа на Советот предвидел право за членот на советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите, иако таква надлежност на советите на општините не е предвидена во Законот за локалната самоуправа. Со таквото уредување, Советот на Општина Чешиново-Облешево излегол надвор од своите законски надлежности и уредил прашање, односно овластување на членовите на советот, кое нема законска основа.

За да можат органите на општината, пред се советот на општината, да дава автентично толкување на прописите што ги носи, тоа овластување мора да биде предвидено во законот, на сличен начин како што тоа за Собранието на Република Северна Македонија е уредено со Уставот во член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013). Во конкретниот случај, не постои законска основа за да можат органите на локалната власт да даваат автентично толкување на прописите, така што не може со Статутот на Општината и со Деловникот на Советот тоа да биде уредено како надлежност на Советот, односно како право на членот на Советот.

Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај може основано да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево со Законот за локалната самоуправа, како и за неговата согласност со темелните вредности на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.68/2024
Shkup, 09.04.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obeleshevë („Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obeleshevë“ nr.5/2006).

2. NDËRPRITET realizimi e akteve individuale dhe veprimet e ndërmarra në bazë të nenit 15 paragrafi 1 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obeleshevë („Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obeleshevë“ nr.5/2006).

3. Ky aktvendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obeleshevë „Aanëtari i Këshillit, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit “.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 9 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit dhe vetëqeverisja lokale janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj, dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 115 paragrafi 2 të Kushtetutës, komuna është e pavarur në kryerjen e kompetencave të përcaktuara me Kushtetutë dhe me ligj, ndërsa mbikëqyrjen mbi ligjshmërinë e punës së saj e kryen Republika.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në përputhje me dispozitën kushtetuese, kompetencat e komunës janë të rregulluara me ligj – Ligji për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e RM-së” numër 5/2002) me të cilin rregullohet pjesëmarrja e drejtpërdrejtë e qytetarëve në vendimmarrje, organizimin dhe punën e organeve të komunës, administratës komunale dhe aktet e organeve të njësive të vetëqeverisjes lokale.

Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale rregullohen kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pika 1 të këtij neni, këshilli është kompetent për miratimin e statutit të komunës dhe rregullave tjera.

Sipas nenit 62 paragrafi 1 të këtij ligji, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Neni 43 i Ligjit për vetëqeverisjen lokale rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, kështu që sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë, duke iu referuar nenit 21 paragrafi 1 pika 2 të Statutit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë (“Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obleshevë” nr. 3/05) më 27 maj, Në vitin 2006 ka miratuar Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë, në të cilën më për së afërmi ka rregulluar disa çështje që kanë të bëjnë me organizimin dhe mënyrën e punës së Këshillit të Komunës, duke përfshirë çështjen e të drejtave dhe detyrave të anëtarëve të Këshillit të Komunës. Në kuadër të së drejtës së anëtarit të Këshillit për të iniciuar iniciativa dhe për të paraqitur propozime në Këshill, dispozita kontestuese e nenit 15 pika 3 parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit.

Megjithatë, në Ligjin për vetëqeverisjen lokale, interpretimi autentik i rregullave të komunës nuk është paraparë si kompetencë e këshillit komunal, i cili si organ përfaqësues i qytetarëve në nivel lokal është i vetmi organ që miraton rregulla. Andaj, anëtarët e këshillit të komunës mund të paraqesin iniciativa dhe të japin propozime për çështje nga kompetenca e këshillit, e jo për ato çështje për të cilat këshilli nuk është kompetent dhe as i autorizuar të vendosë, si që është çështja e dhënies së interpretimit autentik të rregullave në këshill. Rrjedhimisht, statuti dhe rregullat tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Në rastin konkret është konstatuar se Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë në rregulloren e tij – Rregullorja e punës së Këshillit ka paraparë të drejtën e anëtarit të këshillit që të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave edhe pse një kompetencë e tillë e këshillave të komunave nuk është e paraparë me Ligjin për vetëqeverisjen lokale. Me një rregullim të tillë, Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë doli jashtë kompetencave të tij ligjore dhe rregulloi një çështje, përkatësisht autorizimin e anëtarëve të këshillit, e cila nuk ka bazë ligjore.

Në mënyrë që organet e komunës, mbi të gjitha këshilli i komunës, të japin një interpretim autentik të rregullave që i miraton, ky autorizim duhet të parashikohet në ligj, në mënyrë të ngjashme siç është rregulluar për Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut me Kushtetutën në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me çka procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013). Në rastin konkret nuk ka bazë ligjore që organet e pushtetit lokal të japin një interpretim autentik të rregullave, kështu që nuk mundet me rregullore, me Statutin e Komunës dhe me Rregulloren e Këshillit të rregullohet si kompetencë e Këshillit, respektivisht si e drejtë e anëtarit të Këshillit.

Duke marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilës në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në rastin konkret mundet me bazë të që të ngrihet çështja e përputhshmërisë së dispozitës së kontestuar nga Rregulloreja e Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, si dhe përputhshmërinë e saj me vlerat themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullime juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi të ndalojë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska