У.бр.46/2024-1


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.46/2024
Скопје, 09.05.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Атанасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 мај 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 24 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, број 07-162/9 од 19.02.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008.

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 24 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, број 07-162/9 од 19.02.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива, со Решението У.бр.46/2024 од 27 март 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од Деловникот на Советот на Општина Желино, означен во точката 1 од оваа одлука.

II

На седницата Судот утврди дека во член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Желино се предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за автентично толкување на актите што ги носи Советот.

Судот, исто така, утврди дека во Деловникот на Советот на Општина Желино, во глава IX.Постапка за усвојување на акти, е содржано поглавје 9 „Автентично толкување на општи акти“, во кое се уредени членовите 110, 111, 112 и 113.

Имено, Судот утврди дека според член 110 од Деловникот барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење.

Во член 111 од Деловникот е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето го доставува до Статутарно правната комисија.

Според член 112 од Деловникот, Статутарно- правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од општинската администрација.

Согласно со член 113 од Деловникот, ако Статутарно-правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Статутарно-правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).

Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Желино, со што Советот на Општина Желино излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Желино и насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, се во спротивност со Законот за локалната самоуправа, и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.46/2024
Shkup, 09.05.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 maj 2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET neni 24 paragrafi 4, titulli i kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX. Procedura për miratimin e akteve nga Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Zhelinës, nr. 07-162/9, të datës 19.02.2008, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Zhelinës” nr .3/2008.

2. SHFUQIZOHET Aktendimi për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 24 alineja 4, titulli i kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX. Procedura për miratimin e akteve nga Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Zhelinës, nr.07-162/9, të datës 19.02.2008, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Zhelinës” nr.3/2008.

3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim
I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë, me Aktvendimin U. nr. 46/2024 nga 27 mars 2024, ka inicuar procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës, të përcaktuara në pikën 1 të këtij vendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 24 alineja 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës, parashikohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të akteve miratuar nga Këshilli në mbledhjet e Këshillit.

Gjykata gjithashtu përcaktoi se në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Zhelinës, në kapitullin IX Procedura për miratimin e akteve, përfshihet kapitulli 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, ku rregullohen nenet 110, 111, 112 dhe 113.

Konkretisht, Gjykata përcaktoi se sipas nenit 110 të Rregullores së Punës, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të parashtrojnë anëtarët e Këshillit, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrjet publike që kryen veprimtaritë në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre.

Në nenin 111 të Rregullores përcaktohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i parashtrohet kryetarit të Këshillit, i cili ia paraqet kërkesën Komisionit Statutar Ligjor.

Sipas nenit 112 të Rregullores, Komisioni Statutar Ligjor ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale pas kërkesës për interpretim autentik.

Në bazë të nenit 113 të Rregullores, nëse Komisioni Statutar Ligjor vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për Interpretim autentik nuk justifikohet, Komisioni Statutar-Ligjor do t’i paraqesë raport Këshillit.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) janë rregulluar kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Në përputhje me dispozitat ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli i komunës është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep autorzim komunave që në rregullat e tyre (rregullore ose statutet) të mund të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, kjo gjë duhet të parashikohet me ligji, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).

Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren e punës apo statut nuk mund ta rregullojë fillimisht institutin interpretim autentik dhe procedurën për të, si në rast konkret ky institut është i rregulluar me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Zhelinës, me të cilën Këshilli i Komunës së Zhelinës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i detyruar t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata vlerësoi se neni 24 alineja 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës dhe titulli i kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX. Procedura për miratimin e akteve të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës janë në kundërshtim me Ligjin për vetëqeverisjen lokale dhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8, paragrafi 1, alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit duhet të ekzistojnë rregulla të harmonizuara juridikisht me Kushtetutën dhe ligjet.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska