Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.18/2024
Скопје, 09.05.2024
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 70 и член 79 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021) на седницата одржана на 9 мај 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, број 07-2502/2 од 13.06.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Гази Баба” број 4/2006 и 12/2013.
2. СЕ СТАВА ВОН сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, број 07-2502/2 од 13.06.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Гази Баба” број 4/2006 и 12/2013.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.18/2024 од 21 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Гази Баба во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Гази Баба, во поглавјето III. Права и должности на членовите на Советот, точка 3. Покренување иницијативи и поднесување предлози, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Гази Баба, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесуваат барање за давање на автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Струга излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот одлучи за согласноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.18/2024
Shkup, 09.05.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 70 dhe nenit 79 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 maj 2024, miratoi
V E N D I M
1. NDËRPRITET neni 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, numër 07-2502/2, të datë 13.06.2006, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Gazi Babës” nr. 4/2006 dhe 12/2013.
2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndalimin e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, nr.07-2502/2, të datës 13.06.2006, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Gazi Babës” nr.4/2006 dhe 12/2013.
3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë, me Aktvendimin U. nr.18/2024 nga 21 shkurti 2024, ka inicuar procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit, të shënuar në pikën 1 të Vendimit, prandaj para Gjykatës është ngritur çështja e përputhshmërisë së saj me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisjen lokale.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit”.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) janë rregulluar kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjen e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe me rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, statuti dhe rregullat e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Gazi Babës në rregullin e tij – Rregulloreja e punës së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, pika 3. Ngritja e iniciativave dhe paraqitja e propozimeve, të rregulluara me nenin 15 alineja 3, sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit.
E drejta që Këshilli i Komunës Gazi Babë ua ka përcaktuar anëtarëve të Këshillit në Rregullore lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullores”. Megjithatë, Ligji për vetëqeverisjen lokale, me asnjë dispozitë nuk parasheh kompetencën e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton, dhe as ligji nuk u jep komunave autorizim që të jenë në gjendje, në rregulloret e tyre (rregullat ose statutet), të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.
Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, të njëjtën gjë duhet të parashikojë edhe ligji, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Por, për organet e pushtetit lokal, ligji nuk parashikon institucionin e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që ato miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, me të cilën përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit, është përcaktuar pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Gazi Babës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për vetëqeverisje lokale.
Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilës në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata vendosi për pajtueshmërinë e nenit 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, duke përfshirë pajtueshmërinë e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilën në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitiv të këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska