У.бр.49/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.49/2024
Скопје, 23.04.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 23 април 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 25 алинеја 5, точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ и членовите 100, 101 и 102 содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општина Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод“ бр.1/2005 и 5/2019).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 25 алинеја 5, точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ и членовите 100, 101 и 102 содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општина Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод“ бр.1/2005 и 5/2019).

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.49/2024 од 21 февруари 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Општина Македонски Брод, означен во точката 1 од оваа одлука.

II

На седницата Судот утврди дека согласно со член 25 алинеја 5 од Деловникот на Општина Македонски Брод, член на Советот, меѓу другото, има право на седницата на советот да поднесе барање за автентично толкување на актите што ги носи Советот.

Судот, исто така, утврди дека во поглавјетo VIII „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Општина Македонски Брод, содржана е точката 9 „Автентично толкување на општ акт“ во која се уредени членовите 100, 101 и 102.

Според член 100 став 1 од Деловникот, барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење. Согласно со став 2 од истиот член, барањето се поднесува до Комисијата за статут и прописи.

Во член 101 од Деловникот е утврдено дека Комисијата по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите на Советот и вработените во општинската администрација.

Согласно член 102 од истиот Деловник, ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање автентично толкување не е оправдано, ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија согласно со член 51 став 1 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. А според ставот 2 од истиот член, секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, според член 110 алинеја 2 од Уставот.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Врз основа на член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Советот на Општина Македонски Брод, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод” бр.2/2003) го донел Деловникот на Советот на Општина Македонски Брод, објавен во „Службен гласник на Општина Македонски Брод” бр.1/2005.

Во конкретниот случај, од содржината на одредбите од член 25 алинеја 5 и членовите 100, 101 и 102 кои ја сочинуваат точката 9 „Автентично толкување на општ акт“, содржана во поглавјетo VIII „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општина Македонски Брод, произлегува дека со истите се уредува институтот „автентично толкување“ како и процедурата за истиот.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги носи законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 248/2023).

Законот за локалната самоуправа, во член 36 став 1 точка 1 определува дека Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, односно според член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Во конкретниот случај, според Судот, станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт. Од Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се предвиди автентично толкување на општи акти. Оттука, Судот цени дека Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа.

Врз основа на наведеното, а согласно одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај, Судот утврди дека член 25 алинеја 5, точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ и членовите 100, 101 и 102 содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општина Македонски Брод се во спротивност со Законот за локалната самоуправа, а со тоа и во спротивност со темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, според која во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Со донесувањето на оваа одлука Судот одлучи да го стави вон сила Решението У.бр.49/2024 од 21 февруари 2024 година за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Општина Македонски Брод.

V

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

VI

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.49/2024
Shkup, 23.04.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 23 prill 2024, miratoi

V E N D I M

1. SHFUQIZOHET neni 25 alineja 5, pika 9 “Interpretimi autentik i aktit të përgjithshëm” dhe nenet 100, 101 dhe 102 të cilat i përmban kapitulli VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Makedonski Brodit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Makedonski Brodit” nr. 1/2005 dhe 5/2019).

2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 25 alineja 5, pika 9 “Interpretimi autentik i aktit të përgjithshëm” dhe nenet 100, 101 dhe 102 të cilat i përmban kapitulli VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Makedonski Brodit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Makedonski Brodit” nr. 1/2005 dhe 5/2019).

3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë me Aktvendimin U.nr. 49/2024 të 21 shkurtit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Komunës së Makedonski Brodit, të paraqitur në pikën 1 të këtij vendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se në pajtim me nenin 25 alinenë 5 nga Rregullorja e Komunës së Makedonski Brodit, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të akteve të miratuara nga Këshilli në seancën e Këshillit.

Gjykata, gjithashtu konstatoi se në kapitullin VIII “Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme” të Rregullores së Komunës së Makedonski Brodit, pika 9 “Interpretimi autentik i aktit të përgjithshëm” është në nenet e rregulluara 100, 101 dhe 102.

Sipas nenit 100 paragrafi 1 i Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, një ndërmarrje publike që ushtron veprimtari në territorin e komunës dhe autoritetet shtetërore kur lindi nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre. Në bazë të paragrafit 2 të të njëjtit nen, kërkesa i paraqitet Komisionit për Statut dhe Rregulla.

Në nenin 101 të Rregullores është përcaktuar se Komisioni ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet e Këshillit dhe punonjësit e administratës komunale pas kërkesës për interpretim autentik.

Në bazë të nenit 102 të së njëjtës Rregullore, nëse Komisioni për Statut dhe Rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, do t’i paraqesë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dorëzuar.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, në përputhje me nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës.

Sipas nenit 14 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli apo ndonjë akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse ekzekutimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Këshilli i Komunës së Makedonski Brodit, në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) dhe nenit 21 paragrafi 1 pika 2 e Statutit të Komunës së Makedonski Brodit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Makedonski Brodit” nr.2/2003) e miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Makedonski Brodit, të botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Makedonski Brodit” nr.1/2005.

Në rastin konkret, nga përmbajtja e dispozitave të nenit 25 alineja 5 dhe neneve 100, 101 dhe 102 që e përbëjnë pikën 9 “Interpretimi autentik i aktit të përgjithshëm”, të përfshira në kreun VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Makedonski Brodit, rezulton se Instituti i “interpretimit autentik” është i rregulluar me to si dhe procedura për të njëjtin.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, në nenin 36 paragrafi 1 pika 1 përcakton se Këshilli i Komunës e miraton statutin e komunës dhe rregullat e tjera, gjegjësisht sipas nenit 62 paragrafit 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statut, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Në rastin konkret, sipas Gjykatës, është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë, siç është e rregulluar për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore. Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk e autorizon këshillin e komunës që të japë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk i referohet mundësisë në një akt tjetër (statut apo rregullore të komunës) për të ofruar një interpretimi autentik të akteve të përgjithshme. Prandaj, Gjykata vlerëson se Këshilli i Komunës i ka tejkaluar, gjegjësisht i ka kapërcyer kompetencat e parapara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

Bazuar në atë që u tha më lart dhe në pajtim me dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili është i detyruar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në rastin konkret, për Gjykatën në mënyrë të bazuar është shtruar çështja e pëlqimit të nenit 25 alinesë 5, pikës 9 “Interpretimi autentik i aktit të përgjithshëm” dhe neneve 100, 101 dhe 102 të përfshira në kreun VIII “Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Makedonski Brodit me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale dhe rrjedhimisht me respektimin e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – sundimin e ligjit, në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

IV

Me miratimin e këtij vendimi Gjykata vendosi ta vë jashtë fuqie Aktvendimin U.nr. 49/2024 të 21 shkurtit 2024 për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të kontestuara të Rregullores së Komunës së Makedonski Brodit.

V

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

VI

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska