Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.24/2024
Скопје, 9 април 2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе („Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека според член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе, член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Согласно со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Согласно со член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Со член 27 став 1 од Деловникот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Согласно со член 43 од Законот за локалната самоуправа ги пропишува правата и должностите на членовите на советот, според став 2 од истиот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Свети Николе врз основа на член 3 од Статутот на Општина Свети Николе „Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.1/06, на седницата одржана на 6 март 2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Свети Николе објавен во „Службен гласник на Општина Свети Николе“ бр.2/06.
Во Деловникот на Советот на Општина Свети Николе, во поглавјето III. Права и должности на членовите на советот, точка 3.Покренување иницијативи и поднесување предлози е содржан член 14 алинеја 3, кој пропишува право на член на Советот на седниците да поднесува барање за давање автентично толкување на прописите.
Правото пропишано во член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Свети Николе предвидува можност да постои правниот институтот „автентично толкување на прописите“. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа не содржи одредби од кои произлегува надлежност за совет на општина да може да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за давање автентично толкување на општи акти, па оттука, Советот на Општина Свети Николе излегол надвор од своите надлежности уредувајќи во Деловникот на Советот на Општината, право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.91/2008, 119/2010 и 23/2013 и Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/2019). Во конкретниот случај, за органите на локалната власт нема законска основа за давање автентично толкување, од причина што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедурата за истиот.
Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај, Судот оцени дека постои сомнение за согласноста на оспорената одредба од Деловникот на Советот на општина Свети Николе со Законот за локалната самоуправа и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Поради можноста од настанување штетни последици согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба од Деловникот на Општина Свети Николе, до донесување на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr. 24/2024
Shkup, 9 prill 2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr.2/06).
2. NDËRPRITET realizimi e akteve individuale dhe veprimet e ndërmarra në bazë të nenit 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr.2/06).
3. Ky aktvendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 14 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alieja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë është sundimi i së drejtës.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Në përputhje me nenin 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Me nenin 27 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.
Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe sipas nenit 62 paragrafi 1 i të njëjtit ligj, në kryerjen e detyrave në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj.
Në pajtim me nenin 43 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit janë të përcaktuara, sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjet e Këshillit, dhe sipas paragrafit 5, anëtarët e Këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Sveti Nikollës në bazë të nenit 3 të Statutit të Komunës së Sveti Nikollës “Gazeta Zyrtare e Komunës së Sveti Nikollës” nr.1/06, në mbledhjen e mbajtur më 6 mars 2006, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës të botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Sveti Nikollës” nr.2/06.
Në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, pika 3. Ngritja e iniciativave dhe paraqitja e propozimeve përfshihen në nenin 14 alineja 3, që përcakton të drejtën e anëtarit të këshillit për të paraqitur kërkesë për interpretim autentik të rregullave.
E drejta e përcaktuar në nenin 14 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës parasheh mundësinë e ekzistimit të institutit juridik “interpretim autentik të rregullave”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen lokale nuk përmban dispozita nga të cilat del kompetenca e këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik të rregullave që i miraton, e as ligji nuk u jep komunave autorizim që të jenë në gjendje, në rregulloret e tyre (rregullat ose statut), të rregullojë dispozita për dhënien e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme, prandaj, Këshilli i Komunës së Sveti Nikollës doli jashtë kompetencave të tij duke rregulluar në Rregulloren e Këshillit të Komunës, të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë në mbledhjen e Këshillit për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/2019). Në rastin konkret nuk ka asnjë bazë ligjore që organet e pushtetit lokal të japin një interpretim autentik, për arsye se ky institut dhe procedura për të nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut.
Duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilave në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në rastin konkret, Gjykata vlerësoi se ekziston dyshimi për pajtueshmërinë e dispozitës së kontestuar nga Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Sveti Nikollës me Ligjin për vetëqeverisje lokale dhe përputhshmërinë e saj me vlerat themelore e rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.
Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë miratimin e akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës kontestuese të Rregullores së Komunës së Sveti Nikollës, deri në marrjen e aktvendimit përfundimtar.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska