У.бр.83/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.83/2024
Скопје, 09.04.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 09.04.2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пехчево бр.01-354/1 од 15.03.2024 („Службен гласник на Општина Пехчево” број 3/2024).

2. СЕ ЗАПИРА ИЗВРШУВАЊЕТО на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пехчево бр.01-354/1 од 15.03.2024 („Службен гласник на општина Пехчево” број 3/2024).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот Суд на работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, одлучи врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.

II

На седницата, Судот утврди дека Советот на Општина Пехчево, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр.05/2002), член 30 став 2 од Статутот на општина Пехчево („Службен гласник на општина Пехчево“ бр.03/2021), на седницата одржана на 15.03.2024 година донел Деловник на Советот на Општина Пехчево.

Деловникот содржи 18 глави. Во глава 3 во точка 3 насловена како „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ во член 15 алинеја 3 се пропишува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.

Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис ии друг општ акт.

Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Пехчево, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр.05/2002), член 30 став 2 од Статутот на општина Пехчево („Службен гласник на општина Пехчево“ бр.03/2021), на седницата одржана на 15.03.2024 година донел Деловник на Советот на Општина Пехчево.

Во оспорениот член 15 од Деловникот уредени се правата на членовите на Советот на седниците на Советот. Помеѓу останатите права, во алинеја 3 од истиот член е содржано правото за автентично толкување, така што предвидува дека членот на советот на седниците има право да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, Советот на Општина Пехчево како орган на локалната власт, донел Деловник на Советот на Општина Пехчево во кој во член 15 алинеја 3 е содржано правото за автентично толкување на прописи.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
Согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Пехчево, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел Деловникот на Советот на Општина Пехчево, во кој во член 15 алинеја 3 е содржано правото за автентично толкување.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Од наведените причини, Судот цени дека пропишаниот член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пехчево, е незаконит, а со тоа и спротивен на темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат јасни и прецизни норми и истите да бидат правно усогласени со Уставот и со законите. Со оглед на тоа дека член 51 од Уставот е клучната уставна норма во утврдувањето на уставноста и законитоста како правни принципи, оспорениот член од Деловникот е спротивен и со член 51 од Уставот.

Врз основа на горенаведената уставно-судска анализа, Судот, утврди дека се исполнети и условите од член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за донесување решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните, односно дејствија преземени врз основа на оспореното автентично толкување.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.83/2024
Shkup, 09.04.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pehçevës nr. 01-354/1 të datës 15.03.2024 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pehçevës” numër 3/2024).

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pehçevës nr.01-354/1 të datës 15.03.2024 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pehçevës” numër 3/2024).

3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin1 të Rregullores së Gjykatës, me vetiniciativë vendosi që të formojë lëndë për vlerësimin e përputhshmërisë së aktit të kontestuar, me dispozitat e Kushtetutës.

II

Në seancë Gjykata përcaktoi se Rregullorja e Këshillit të Komunës së Pehçevës në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002), nenit 30 paragrafi 2 i Statutit të Komunës së Pehçevës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pehçevës nr.03/2021), në seancën e mbajtur më 15.03.2024, ka miratuar Rregullore të Këshillit të Komunës së Pehçevës.

Rregullorja i përmban 18 kapituj. Në kapitullin 3, pika 3 me titull “Inicimi i nismave dhe paraqitja e propozimeve” në nenin 15 alineja 3, parashikohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.

III

Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas dispozitës kushtetuese të paraparë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë kushtetuese për të botuar ligje dhe për të dhënë interpretim autentik të ligjeve.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Duke u nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre ndërsa e gjithë kjo në funksion të garantimit të sundimit të ligjit dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.

Nga përmbajtja e aktit të kontestuar, del se Rregullorja e Këshillit të Komunës së Pehçevës në bazë të nenit 36 paragrafi 1 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002), nenin 30 paragrafin 2 të Statutit të Komunës së Pehçevës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Pehçevës” nr.03/2021), në seancën e mbajtur më 15.03.2024, ka miratuar Rregullore të Këshillit të Komunës së Pehçevës.

Në nenin e kontestuar 15 të Rregullores janë të rregulluara të drejtat e anëtarit të Këshillit në seancat e Këshillit. Ndër të drejtat e tjera, alineja 3 e të njëjtit nen përmban të drejtën e anëtarit të këshillit që gjatë një seance të ketë të drejtën të paraqesë kërkesë për interpretim autentik dhe rrjedhimisht edhe mundësinë e kontestuar që Këshilli të japë interpretim autentik të rregulloreve.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës të Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.152/19 dhe 248/23).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, dymendësi ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Pehçevës, si organ i pushtetit lokal, ka miratuar Rregullore të Këshillit të Komunës së Pehçevës, në të cilën neni 15 alineja 3 përmban interpretimin autentik të kontestuar të rregullave.

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.

Me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, Këshilli i Komunës është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera, ndërsa sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk e përmban një dispozitë se këshillat komunal mund të japin interpretim autentik të rregullave të cilat i miratojnë.

Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Pehçevës i ka tejkaluar kompetencat e veta ligjore me miratimin e Rregullores së Këshillit të Komunës së Pehçevës, në të cilën e drejta për interpretim autentik gjendet në nenin 15 paragrafin 3.

Duke e marrë parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet me ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i pushtetit shtetëror, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve dhe procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19 dhe 248/23). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë interpretim autentik, ky institut dhe procedura e tij nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut.

Për arsyet e përmendura, Gjykata vlerëson se alineja 3 e nenit 15 të Rregullores së Komunës së Pehçevës, është e paligjshme dhe rrjedhimisht në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas së cilës në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet. Duke qenë se neni 51 i Kushtetutës është norma kryesore kushtetuese në përcaktimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë si parime juridike, neni i kontestuar i Rregullores është gjithashtu në kundërshtim me nenin 51 të Kushtetutës.

Bazuar në analizën e lartpërmendur kushtetuese-gjyqësore, Gjykata konstatoi se janë plotësuar kushtet nga neni 27 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për miratimin e aktvendimit për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale apo veprimeve të ndërmarra në bazë të aktit të kontestuar, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u mënjanuar dhe të pariparueshme për qytetarët, përkatësisht veprimet e ndërmarra në bazë të së drejtës për interpretim autentik.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska