У.бр.27/2024-1


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.27/2024
Скопје, 09.04.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на Општина Аеродром“ бр.1/2006, 19/2012 и 15/2020).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на Општина Аеродром“ бр.1/2006, 19/2012 и 15/2020).

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.27/2024 од 7 февруари 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за локалната самоуправа.

II

На седницата Судот утврди дека член 15 алинеја 3 е содржан во насловот 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ од оспорениот деловник и истиот предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно со член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со предметната иницијатива се оспорува уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром.

Советот на Општина Аеродром, повикувајќи се на член 14 точка 2 и член 64 од Статутот на Општина Аеродром („Службен гласник на Град Скопје” број 07/2005), на седницата одржана на 16.02.2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Аеродром објавен во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.1/2006.

На седницата одржана на 21.08.2012 година, Советот на Општина Аеродром донел Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Аеродром бр.07-281/5 од 22.08.2012 година, која е објавена во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.19/2012.

Советот на Општина Аеродром на седницата одржана на 30.12.2020 година донел Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот Општина Аеродром бр.09-906/9 од 31.12.2020 година, која е објавена во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.15/2020.

Деловникот на Советот на Општина Аеродром содржи дел со наслов 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 алинеја 3 каде се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието, согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, оспорената одредба дава право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите, и покрај тоа што станува збор за Совет на Општина кој претставува орган на локалната власт.

Постапувајќи по предметната иницијатива, Судот утврди дека Советот на Општината согласно со член 36 став 1 точка 1. од Законот за локалната самоуправа го донел оспорениот деловник.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Аеродром, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел оспорениот деловник во кој предвидел право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Од горенаведеното произлегува дека станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите. Од уставно-судската анализа произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и ваков правен институт не може да биде уреден со деловник или статут.

Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот оцени дека се незаконити, а со тоа и спротивни на принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот според кој во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека оспорената одредба е во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за локалната самоуправа.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

 

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.27/2024
Shkup, 09.04.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Aerodromit” nr.1/2006, 19/2012 dhe 15/2020).

2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Aerodromit” nr.1/2006, 19/2012 dhe 15/2020).

3. Ky vendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë me Vendimin U.nr. 2024 ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së neneve të aktit, të shënuar në pikën 1 të Vendimit, sepse çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale është ngritur para Gjykatës.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se neni 15 paragrafi 3 përfshihet në titullin 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” të rregullores së kontestuar të punës dhe parashikon se një anëtar i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.

III

Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në pajtim me nenin 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me zbatimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Me iniciativën në fjalë konteston kushtetutshmëria dhe ligjshmëria e nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit.

Këshilli i Komunës së Aerodromit, duke iu referuar nenit 14 pika 2 dhe nenit 64 të Statutit të Komunës së Aerodromit (“Gazeta Zyrtare e Qytetit të Shkupit” numër 07/2005), në mbldhjen e mbajtur më 16.02.2006 ka miratuar Rregulloren e Këshillit të Komunës së Aerodromit të botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Aerodromit” nr.1/2006.

Në mbledhjen e mbajtur më 21.08.2012, Këshilli i Komunës së Aerodromit miratoi Vendim për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit nr. 07-281/5 të datës 22.08.2012 në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Aerodromit” nr. 19/2012.

Në mbledhjen e mbajtur më 30.12.2020, Këshilli i Komunës së Aerodromit miratoi Vendim për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores së Komunës së Aerodromit nr. 09-906/9 të datës 31.12.2020, e cila është publikuar në “ Gazeta Zyrtare e Komunës së Aerodromit” nr.15/2020.

Rregulloreja e punës së Këshillit të Komunës së Aerodromit përmban një pjesë me titullin 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” në të cilin përfshihet neni 15 paragrafi 3 ku rregullohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/ 2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, dispozita e kontestuar i jep të drejtën një anëtari të Këshillit të Komunlës që të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, pavarësisht se bëhet fjalë për Këshill të Komunës që përfaqëson një organ të pushtetit lokal.

Gjykata, duke vepruar sipas iniciativës në fjalë, konstatoi se Këshilli i Komunës, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale, ka miratuar rregulloren e kontestuar të punës.

Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të ligjit, në kryerjen e detyrave të në kompetencë të tij, këshilli miraton rregulla, si që janë: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.

Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Aerodromit i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e rregullores kontestimore në të cilën ka paraparë të drejtën e një anëtari të Këshillit të Komunës për të paraqitur kërkesë për një interpretim autentik të rregullave.

Nga sa më sipër rezulton se është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i pushtetit lokal, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilën Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Nga analiza kushtetuese-gjyqësore rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik dhe një institut i tillë juridik nuk mund të rregullohet me rregullore apo statut.

Duke pasur parasysh se interpretimi autentik është rregulluar në dispozitat e përmendura të Rregullores, me çka Këshilli i Komunës i ka kaluar, gjegjësisht tejkaluar kompetencat e tij të parapara me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, në lidhje me të cilin Gjykata vlerësoi se janë të kundërligjshme dhe për rrjedhojë janë në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe neni 51 të Kushtetutës sipas të cilës në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin.

Duke marrë parasysh atë që u prezantua, Gjykata vlerësoi se dispozita e kontestuar është në kundërshtim me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash, vendosi si dispozitiv të këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska