Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.45/2024
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, број 1176/2 од 30.06.2009 година.
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, број 1176/2 од 30.06.2009 година.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот означен во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Боговиње во Деловникот на Советот на Општина Боговиње, во член 24 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње предвидел „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на актите што ги носи Советот”.
Судот, исто така, утврди дека во глава VIII „Постапка за донесување на општите акти“, е содржано подглавје 9 „Автентично толкување на општи акти“, во кое се уредени членовите 109, 110, 111 и 112.
Имено, Судот утврди дека според член 109 од Деловникот „Барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење”.
Според член 110 од Деловникот „Барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето го доставува до Статутарно правната комисија ”.
Со член 111 од Деловникот е утврдено дека „Статутарно правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од општинската администрација”.
Согласно со член 112 од Деловникот „Ако Статутарно правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Статутарно правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот”.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут), да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010 и 23/2013 и „Службен весник на Република Македонија” бр. 152/2019).
Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Боговиње, со што Советот на Општина Боговиње излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста член 24 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње и согласноста на насловот на поглавјето 9 „ Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, со Законот за локалната самоуправа, вклучително пред Судот со основ се постави прашањето и за нивната согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Боговиње, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение
V
Оваа решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.45/2024
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 24 paragrafit 1 alineja 4 në titullin në kapitullin 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit XIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës, numër 1176/2 të datës 30.06.2009.
2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 24 paragrafit 1 alineja 4 në titullin në kapitullin 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit XIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës, numër 1176/2 të datës 30.06.2009.
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të vetën që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të paraqitur në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se në nenin 24 paragrafi 1 alineja 4 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës parashihet se “një anëtar i Këshillit ka të drejtë në seancat e Këshillit të parashtrojë kërkesë për interpretim autentik të akteve të përgjithshme që i miraton Këshilli”.
Gjykata, gjithashtu konstatoi se në kapitullin VIII, “Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme”, përmban kapitullin 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, në të cilin janë rregulluar nenet 109, 110, 111 dhe 111.
Përkatësisht, Gjykata vendosi se sipas nenit 109 të Rregullores “Kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre”.
Sipas nenit 110 të Rregullores, “Kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla”.
Me nenin 111 të Rregullores, përcaktohet se “Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale”.
Në pajtim me nenin 112 të Rregullores, “Nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit”.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep autorizim komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre, të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.
Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013) dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).
Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë institutin interpretim autentik dhe procedurën për të, siç në rastin konkret ky institut është i rregulluar me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Bogovinës, me çka Këshilli i Komunës së Bogovinës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Duke e marrë parasysh atë që u tha më sipër, si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë shprehu dyshim për përputhshmërinë e nenit 24 paragrafit 1 alinesë 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës dhe përputhshmërinë e titullit të kapitullit 9. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, përfshirë para Gjykatës me bazë u ngrit çështja e përputhshmërisë së tyre edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë ekzekutimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogovinës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska