У.бр.43/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.43/2024
Скопје, 27.03.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци, број 07-433/2 од 29.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци” број 8/2005.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци, број 07-433/2 од 29.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци” број 8/2005.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, уставните судии одлучија врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.

II

На седницата Судот утврди дека Деловникот на Советот на Општина Богданци содржи дел со наслов 8 „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 101, 102, 103 и 104.

Според член 101, барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината, и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на прописите во нивното работење.

Во член 102 е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општ акт се поднесува до претседателот на Советот, кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за Статут и прописи.

Според член 103, Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите на Советот и општинската администрација.

Согласно со член 104, ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, ќе поднесе Извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно на уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.

Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Богданци во свој пропис – Деловникот на Советот на Општина Богданци, во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти”, уредил точка 8 „Автентично толкување на општи акти”, во која ги пропишал членовите 101, 102, 103 и 104, со кои се уредува постапката за давање на автентично толкување на општ акт.

Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи. Меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти, со што одредбите коишто Советот на Општина Богданци ги пропишал во Деловникот на Советот на Општина Богданци, се без законски основ, а со тоа Советот ги надминал и своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа.

Институтот автентично толкување, мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го употребуваат, а како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/19). Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци со Законот за локалната самоуправа, а со тоа, со основ се постави прашањето и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на општина Богданци, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.43/2024
Shkup, 27.03.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit të pikës 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 101, 102, 103 dhe 104, të përfshira në kreun VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit, me numër 07-433/2, të datës 29.07.2005, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Bogdancit” nr.8/2005.

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitave të pikës 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 101, 102, 103 dhe 104, të parashikuara në kreun VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit, nr. 07-433/2, datë 29.07.2005, publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Bogdancit” nr. 8/2005.

3. Ky aktvendim do të publikphet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, gjykatësit kushtetues vendosën, në bazë të dispozitës së nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me vetëiniciativë të formojnë lëndë në të cilën do të zhvillohet procedurë për vlerësimin e pajtueshmërisë së aktit të kontestuar, me dispozitat e Kushtetutës.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se Rregullorja e Këshillit të Komunës së Bogdancit përmban pjesën e titulluar 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë rregulluar nenet 101, 102, 103 dhe 104.

Sipas nenit 101, kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm mund të bëjnë anëtarët e Këshillit, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrje publike që ushtron veprimtari në zonën e komunës, dhe organet shtetërore kur lind nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e rregullave në punën e tyre.

Në nenin 102 rregullohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statute dhe Rregullore.

Sipas nenit 103, Komisioni për Statut dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet e Këshillit dhe administrata komunale.

Në bazë të nenit 104, nëse Komisioni i Statuteve dhe Rregulloreve vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyeshme, do t’i paraqesë Raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e parashtruar.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) rregullon kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera.

Sipas nenit 62 paragrafi 1 të ligjit të lartpërmendur, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjet e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Sipas kësaj, statuti dhe rregulloret e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Në rastin konkret, Gjykata përcaktoi se Këshilli i Komunës së Bogdancit në rregulloren e tij – Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Bogdancit, në kreun VIII “Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme”, ka rregulluar pikën 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, në të cilin ka përcaktuar nenet 101, 102, 103 dhe 104, me të cilat rregullohet procedura për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm.

Në pajtim me dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli i komunës është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregulloreve të tjera. Megjithatë, ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit të një komune për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që miraton dhe as ligji nuk u jep komunave autoritetin që të jenë në gjendje, në rregullat e tyre (rregullore apo statutet) të rregullojnë dispozitat për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme, me çka dispozitat të cilat Këshilli i Komunës së Bogdancit i ka përcaktuar në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Bogdancit, janë pa bazë ligjore, dhe me këtë Këshilli i ka tejkaluar kompetencat e tij të parapara me Ligjin për vetëqeverisjen lokale.

Instituti, interpretimi autentik, duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta përdorin atë, dhe siç është rregulluar për ligjvënësit si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilët Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me çka procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91 /2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/19). Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj nuk është e mundur të rregullohet ky institut dhe procedura e tij në rregullore apo statut.

Duke marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata shprehu dyshimin për pajtimin e pikës 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 101, 102, 103 dhe 104, të përfshira në kreun VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale, dhe me këtë u shtrua edhe pyetja për përputhshmërinë e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilën në rendin kushtetues duhet të ekzistojnë rregulla që janë juridikisht në përputhje me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërprersë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

V

Ky Aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska