У.бр.27/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.27/2024
Скопје,07.02.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 7 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на Општина Аеродром“ бр.1/2006, 19/2012 и 15/2020).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на членот од оспорениот акт, означен во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста на членовите од актот, означен во точката 1 од Решението, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Северна Македонија.

II

На седницата Судот утврди дека член 15 алинеја 3 е содржан во насловот 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ од оспорениот деловник и истиот предвидува дека членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите.“

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со предметната иницијатива се оспорува уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Аеродром.

Советот на Општина Аеродром, повикувајќи се на член 14 точка 2 и член 64 од Статутот на Општина Аеродром („Службен гласник на Град Скопје” број 07/2005), на седницата одржана на 16.02.2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Аеродром објавен во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.1/2006.

На седницата одржана на 21.08.2012 година, Советот на Општина Аеродром донел Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Аеродром бр.07-281/5 од 22.08.2012 година, која е објавена во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.19/2012.

Советот на Општина Аеродром на седницата одржана на 30.12.2020 година донел Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот Општина Аеродром бр.09-906/9 од 31.12.2020 година, која е објавена во „Службен гласник на Општина Аеродром” бр.15/2020.

Деловникот на Советот на Општина Аеродром содржи дел со наслов 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 алинеја 3 каде се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието, согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, оспорената одредба дава право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите, и покрај тоа што станува збор за Совет на Општина кој претставува орган на локалната власт.

Постапувајќи по предметната иницијатива, Судот утврди дека Советот на Општината согласно член 36 став 1 точка 1. од Законот за локалната самоуправа го донел оспорениот деловник.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Аеродром, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел оспорениот деловник во кој предвидел право на член на Советот на Општината да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Правото на давање автентично толкување на прописи е прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите. Од уставно-судската анализа произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и ваков правен институт не може да биде уреден со Деловник или Статут.

Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување со иницијативата.

Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот оцени дека со основ може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на конкретната одредба од Деловникот.

Поради можноста од настанување на штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да ја запре примената на оспорената одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.27/2024
Shkup, 07.02.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe neneve 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 7 shkurt 2024 miratoi,

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Aerodromit” nr.1/2006, 19/2012 dhe 15/2020).

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit të aktit të kontestuar, të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetë iniciativë ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së neneve të aktit të shënuar në pikën 1 të Aktvendimit, sepse para Gjykatës me bazë u shtrua çështja e pajtimit të tyre me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.

II

Gjykata në seancë konstatoi se neni 15 alineja 3 është përfshirë në titullin 3 “Ngritja e iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” të rregullores së kontestuar të dhe parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për mbledhjet e Këshillit për dhënien interpretimit autentik të rregullave.“

III

Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës përcktohet si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit përfundimtar, të miratojë aktvendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse realizimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Iniciativa në fjalë konteston kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit.

Këshilli i Komunës së Aerodromit, duke iu referuar nenit 14 pika 2 dhe nenit 64 të Statutit të Komunës së Aerodromit (“Gazeta Zyrtare e Qytetit të Shkupit” numër 07/2005), në mbledhjen e mbajtur më 16.02.2006 miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Aerodromit botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Aeroportit” nr. 1/2006.

Në seancën e mbajtur më 21.08.2012, Këshilli i Komunës së Aerodromit miratoi Vendim për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit nr.07-281/5 të datës 22.08.2012, e cila u publikua në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Aerodromit” nr. 19/2012.

Në mbledhjen e mbajtur më 30.12.2020, Këshilli i Komunës së Aerodromit ka miratuar Vendim për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores së Këshillit të Komunës së Aerodromit nr.09-906/9 të datës 31.12.2020, e cila është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Aerodromit” nr.15/2020.

Rregullorja e Këshillit të Komunës së Aerodromit përmban një pjesë me titullin 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” i cili përmban nenin 15 paragrafi 3 ku rregullohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë në mbledhjen e Këshillit të paraqesë kërkesë për një interpretim autentik të rregullave.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, dispozita e kontestuar i jep të drejtën një anëtari të Këshillit të Komunës që të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave, pavarësisht se bëhet fjalë për një Këshill të Komunës që përfaqëson një organ të pushtetit lokal.

Gjykata, duke vepruar sipas iniciativës në fjalë, konstatoi se Këshilli i Komunës, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, ka miratuar rregulloren e kontestuar.

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregulloreve që miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale, Këshilli i Komunës miraton statutin e komunës dhe rregulloret tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të Ligjit, në kryerjen e punëve nga kompetenca e vet, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillet e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.

Gjatë situatave të tilla faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Aerodromit i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e rregullores kontestuese në të cilën ka paraparë të drejtën e një anëtari të Këshillit të Komunës për të paraqitur kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.

E drejta për të dhënë një interpretim autentik të rregullave është një çështje që duhet të parashihet në ligj, në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç është rregulluar për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetëror, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Nga analiza kushtetuese-gjyqësore rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik dhe një institucion i tillë juridik nuk mund të rregullohet me Rregullore apo Statut.

Duke pasur parasysh se interpretimi autentik është rregulluar në dispozitat e përmendura të Rregullores, me çka Këshilli i Komunës i ka kaluar, përkatësisht tejkaluar kompetencat e tij të parapara me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, në lidhje me të cilin Gjykata shpreh dyshime për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tyre, është arsye e mjaftueshme që Gjykata të ngrejë çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave që janë lëndë kontestimi me iniciativë.

Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës konkrete të Rregullores mund të ngrihet me bazë.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ndalimin e zbatimit të dispozitës së kontestuar nga Rregullorja e Komunës, si dhe ndalimin e realizimit të akteve ose veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitës kontestuese deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska